Антилопа

Term Main definition
Антилопа

Ако видите антилопа – долга и среќна љубов. Ако убиете или видите дека други убиваат – кратка и тешка болест.

Што значи да сонувате антилопа?

Ако видите антилопа на сон

Кога сонувате дека сте виделе антилопа, тоа е симбол на долга и среќна љубов. Сигурни сте во себе бидејќи партнерот ви дава ветер во грб и ви помага да се изборите со сите потешкотии. Ако семејството ве критикува за се што правите, во наредниот период ќе ја имате нивната поддшка. Сите ваши стравови ќе исчезнат и ќе бидете поодлучни и постабилни. Ако не сте во врска, антилопа е знак дека ќе запознаете некого кој ќе ве освои со брзина на светлината. Покрај оваа личност ќе го сфатите вистинското значење на љубовта. Имате желба за стабилност па, во наредниот период ќе се одлучите за заеднички живот или брак.

Ако убиете антилопа

Кога сонувате дека вие сте убиле антилопа, тоа предупредува на кратка и тешка болест. Можно е да чувствувате вина поради нешто што се случило во минатото и на што не сте можеле да влијаете. Таквата состојба лошо ќе влијае врз вашето тело и духот. Болеста ќе биде идеално прибежиште, а тоа ќе го забележат и луѓето со кои живеете. Ќе инсистираат да побарате помош и да ги промените ставовите кои би можеле да ве уништат.

Кога на сон ќе видите дека некој друг убива антилопа, тоа имплицира дека немоќно ќе ја гледате пропаста на пријателот. Најверотно сте сториле се што било во ваша моќ да го насочите на прав пат, но победила неговата тврдоглавост. Сте се труделе да имате трпение и да бидете добар пријател кога сите други кренале раце. Ќе сфатите дека залудно сте се труделе, но ќе ви биде жал што не сте успеале да помогнете.

Ако храните антилопа

Сон во кој храните антилопа значи дека некој конечно ќе го препознае вашиот труд и работа. Можно е да добиете некое признание или награда која многу ќе ви значи. Се што сте постигнале досега не било забележано од вашите претпоставени. Таквата ситуација ве загрижувала и фрустрирала, па дури сте размислувале да промените работа. Меѓутоа, ќе мора да се стрпите уште малку, бидејќи успехот нема да ве изостави овојпат.

Ако јавате антилопа

Сон во кој јавате антилопа значи дека во блиска иднина веројатно ќе доживеете некоја неудобност. Ќе се најдете во ситуација да бидете арбитар во расправа помеѓу двајца сакани луѓе. Тоа ќе ви предизвика стрес, бидејќи нема да сакате да заземете страна, без оглед на тоа дека се очекува од вас. Ќе побарате начин да ги смирите, без да се мешате премногу, но на крајот ќе сфатите дека ќе мора да одберете една страна која ќе се израдува, а другата ќе се растажи.

Кога на сон гледате како некој друг јава антилопа значи дека ќе ве заболи нечија неправда. Можеби ќе бидете сведок на нечија погрешна одлука која ќе го уништи животот на драга личност или неговото семејство. Сепак, рацете ќе ви бидат врзани и токму поради тоа што не можете ништо да промените, ќе ве мачи мислата долго.

Ако видите повредена антилопа

Сон во кој гледате повредена антилопа укажува на некој помал здравствен проблем кој долго време сте го игнорирале. Долго време чувствувате симптоми, но ги занемарувате бидејќи сметате дека не е ништо сериозно. Сепак, заминувањето на лекар, би можело да ви го отстрани сомнежот, затоа не двоумете се да закажете преглед.

Ако ловите антилопа

Кога на сон ловите антилопа тоа значи дека нема ништо да ве спречи во постигнувањето на целите. Цврсто сте решени да остварите се што сте замислиле на приватен и на деловен план. Можеби ќе наидете на осуда од околината, но вие нема да обрнувате внимание, бидејќи ќе направите се за да бидете среќни. Сепак, внимавајте да не повредите драга личност.

Ако во вашиот сон некој друг лови антилопа, потсвеста ви говори дека ве уморило задоволувањето на другите. Премногу време и енергија трошите да ги задоволитее потребите на драги луѓе, а не наоѓате време да си ги завршите своите обврски на време. Чувствувате дека треба да се посветите себеси, но исто така знаете дека луѓето околу вас се навикнати да ве имаат на располагање, во спротивно би ве обвиниле дека сте себични.

Напад од антилопа

Ако сонувате дека ве нападнала антилопа тоа значи дека во блиска иднина ќе имате расправија со претпоставените или деловниот соработник кој нема слух за вашите идеи. Доколку сонувате дека некој друг е нападнат од антилопа, тоа значи дека ќе ве разочара партнер или пријател.

Ако украдете антилопа

Ако сонувате дека крадете антилопа тоа значи дека во блиска иднина ќе се посрамите. Веројатно ќе се најдете во големо друштво, па поради недоволно познавање на темата ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Повторно ќе се соочите со животната вистина дека понекогаш е подобро да молчите отколку да изговорите глупост.

Кога сонувате дека некој краде антилопа тоа симболизира загуба, во емотивна смисла. Можно е драга личност да одлучи да се пресели во некој друг град или држава, што длабоко ќе ве повреди. Ќе станете свесни дека вашето размислување е себично бидејќи неговото/нејзиното заминување значи негова/нејзина подобра иднина, но едноставно нема да можете да се помирите со оваа загуба.

Ако продавате антилопа

Доколку на сон продавате антилопа тоа означува финансиска добивка. Пред вас е поволен период кога парите се во прашање. Можеби ќе го добиете долгоочекуваното покачување на плата или приватната работа ќе тргне на подобро отколку што сте се надевале. Од друга страна, постои можност од добивка во игри на среќа.

Ако купувате антилопа

Сон во кој купувате антилопа значи дека ќе ви се оствари некоја желба. Можеби долго време мечтаете за патување или промена на живеалиште, а пред вас е период во кој ќе го остварите тоа. Во секој случај, следува позитивна промена во вашиот живот.

Антилопа во кафез или зоолошка градина

Кога на сон ќе видите антилопа во кафез тоа симболизира потешкотија. Веќе некое време имате чувство дека нижете неуспеси и се што ќе допрете резултира со загуба или грешка. Таквото размислување резултира со анксиозност и депресија. Обидете се да се свртите кон повесели нешта во животот и потрудете се да размислувате позитивно, бидејќи сигурно има нешто што сте направиле добро. Посветете се на семејството бидејќи во нив ќе најдете утеха која ви е потребна.

Ако јадете месо од антилопа

Тага, несреќа, незадоволство со себеси.

Ваквите соништа се проследени со изненадување, возбуда и радост, но неретко страв и паника. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Можеби на телевизија сте гледале емисија за антилопи, па тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за антилопа

Антилопа е животно од семејството на шуплорогите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg