Антикварница

Term Main definition
Антикварница

Добивка.

Што значи да сонувате антикварница?

Ако видите антикварница на сон

Кога на сон гледате антикварница, тоа означува добивка. Можно е да добиете наследство на кое не сте се надевале. Сте очекувале дека околу тоа ќе настанат проблеми и нема да имаат голема вредност. Меѓутоа, ќе се изненадите од развојот на ситуацијата која ќе биде повеќе од поволна за вас. Ако очекувате вест за вработување, наскоро ќе ви се јават луѓе од фирма да ви кажат дека почнувате со работа. Наредниот период ви пружа многу можности, па и во игри на среќа ќе имате успех.

Ако продавате нешто во антикварница

Кога сонувате дека продавате нешто во антикварница тоа имплицира дека ќе имате успех ако се занимавате со уметност. Веројатно ќе создадете уметничко дело кое ќе ви донесе многу успех и пари. Ќе ги покажете своите способности и ќе отворите многу врати. Ќе бидете горди бидејќи ќе живеете од нешто што сакате да го работите и што ви причинува задоволство.

Кога вие продавате во антикварница, тоа значи дека нема да имате доволно пари да си купите нешто за своја душа. Веројатно се наоѓате во недоумица дали да ги потрошите парите што сте ги заработиле. Свесни сте дека тоа не е доволно да ги покриете сите трошоци и дека е најдобро да се фокусирате на она што ви е најпотребно. Сепак, ќе најдете компромис, па може да се случи да продадете некоја вредна работа која не ја користите или нешто друго поради патувањето.

Ако купувате нешто во антикварница

Ако на сон купувате нешто во антикварница тоа укажува на желбата за стекнување нови знаења и унапредување на вашите способности. Можеби ќе се одлучите на професионално усовршување или преквалификување за да пронајдете подобра работа. Ако сте студент ќе добиете понуда да продолжите со студиите во страна држава. Можеби ќе се двоумите дали е вистински избор за вас, но ќе го надвладеете стравот и ќе одлучите да направите нешто корисно за себе.

Ако барате антикварница

Кога на сон безуспешно барате антикварница тоа значи дека имате грижа на совест поради своите зборови или дела. Сте направиле нешто што ја повредило личноста што ја сакате, веројатно тоа не сте и го кажале, но потсвеста постојано ве предупредува на тоа. Ако не си го признаете гревот можете да очекувате слични соништа.

Ако уривате антикварница

Сон во кој уривате антикварница симболизира потреба да расчистите со минатото. Постои нешто што ве мачи. Некое лошо искуство толку ви се врежало во сеќавањето што ве спречува да мислите на сегашноста и на иднината. Ќе мора да се ослободите од товарот и да се помирите со фактот дека она што е скршено не може д се поправи. Време е да тргнете напред. Ако сте имале тешко раскинување или развод тоа ве спречува да продолжите напред.  Иако можеби ќе ви се јави желба повторно да се заљубите, се плашите дека исходот на таквата љубов ќе биде ист како претходната.

Кога сонувате дека некој друг урива антикварница тоа значи дека имате неостварена желба. Во овој момент сте убедени дека никогаш нема да ви се оствари. Тоа ве разочарува и растажува помалку. Меѓутоа, ако дозволите да ви влезат нови луѓе во вашиот живот, нештата би можеле драстично да се променат. Веројатно во некој момент ќе сфатите дека многу работи зависат од вашите постапки.

Ако палите антикварница

Сон во кој палите антикварница значи дека наскоро ќе запознаете личност што би можела од темел да ви го „размрда“ светот. Ќе сфатите дека имате слични погледи на животот, но дека тој/таа се похрабри во спроведување на своите желби во дела. Таквиот став ќе ви помогне да се тргнете од летаргија и да почнете да работите на себе. Можеби ќе се родат некои симпатии, но ако сте во брак или во врска бидете внимателни. Размислете добро дали сте подготвени да се откажете од она што го имате, за да се впуштите во авантура на „непознат терен“.

Ако сонувате дека некој друг пали антикварница тоа значи добри вести. Можеби ќе чуете нешто за вашиот материјален статус. Веројатно финансиите долго време ве оптоварувале. Вашите желби ги надминуваат можностите, што ве прави нервозни. Сепак, проблемите со парите би можеле да бидат решени во ваша корист.

Ако сонувате антиквитети

Ако сонувате антиквитети потсвеста ви говори дека имате проблем со пријател или близок член на семејството. Веројатно не се согласувате со неговите/нејзините постапки и веќе неколку пати сте се обиделе да му/и укажете на тоа, но без успех. Обидете се да ги контролирате своите емоции и престанете да наметнувате свои ставови на другите луѓе. Едноставно, бидите тука кога затреба и сугерирајте што би направиле вие, но помирите се со тоа дека секој има право да донесува одлуки по своја желба. Без оглед на тоа колку ви се чинат погрешни.

Ако им се воодушевувате на актиквитети

Ако на сон сте воодушевени од убавината на антиквитетите тоа симболизира скриени таленти. Ако хобито ви е некој вид на уметност, можеби треба да посветите време на тоа. Веројатно обврските ве спречуваат да се занимавате со работите кои ве интересираат, но размислете во што сте добри и обидете се да се занимавате со тоа колку што можете повеќе. Во иднина би можеле да се одлучите за приватна работа преку која ќе ги споите убавото со корисното.

Од друга страна, ако на сон се згрозувате од виденото, некој се обидува да ве изневери. Ако имате приватен бизнис, обрнете внимание на тоа кого вработувате во своја фирма. Доколку сте вработени во туѓа фирма или сте студент на факултет, чувајте се од завидливи и љубоморни колеги. Вашиот успех некому му пречи, без оглед на тоа што никогаш не ви го покажале.

Ако кршите антиквитети

Кога на сон кршите антиквитети тоа симболизира некој вид на деструктивност. Упорно работите нешто што му пречи на вашето тело и духот. Свесни сте дека пороците би можеле да ве чинат здравје или пријателство, но се уште не сте подготвени да се откажете. Сепак, во блиска иднина ќе сфатите дека сте себични бидејќи се уништувате себеси и растажувате луѓе кои ве сакаат. Со поддршка од најблиските би можеле релативно лесно да ги совладате. Ваквите сонови се проследени со чувство на страв, грижа, тага и мачнина, а поретко возбуда и радост.

 Ако неодамна сте биле во антикварница или гледале прилог на телевизија за тоа, сонот не се толкува. Не се толкува ниту ако неодмна сте разговарале со некого за тоа. Тоа значи дека вашиот мозок на сон обработува информации добиени на јаве.

Дефиниција за антикварница

Антикварница е место каде се продаваат и купуваат стари уметнички дела.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg