Антена

Term Main definition
Антена

Ако видите – пријатни промени. Ако сонувате дека поставувате антена – ќе решите проблем.

Што значи да сонувате антена?

Антена спаѓа во ретки соништа. Во соновникот, антена симболизира целосна низа на соништа и не постои униформно значење. Сите антени ги третираме на ист начин, така што нема разлика во толкувањето на соништата помеѓу ТВ антена, радио антена или сателитска антена. Ако неодамна сте местеле антена, или биле во близок контакт со некој тип на антена, во тој случај сонот не се толкува.

Ако сонувате антена на покрив

Кога сонувате антена на покрив, тоа е знак дека ќе чуете добри вести. Можеби ќе имате гости кои ќе ви дадат совет за работа. Ако во последно време сте имале недоразбирања со партнерот, самиот ќе сфати дека грешел и ќе се потруди да се искупи. Во вашата врска ќе владее разбирање и ќе бидете силни како никогаш досега. Ако сте слободни, ќе слушнете нешто за личноста која ви се допаѓа долго време. Ќе ја сретнете на прослава, а подоцна ќе продолжите да бидете во контакт.

Ако сонувате дека поставувате антена

Кога на сон поставувате антена, тоа е симбол на решавање на проблеми. Веќе некое време запоставувате ситуации кои ви се тешки. Буткањето под тепих ќе изроди нови недоразбирања, па ќе сфатите дека е најдобро да почнете да ги решавате првобитните проблеми. На тој пат ќе имате многу потешкотии, но тоа е полесна варијанта отколку да одложувате соочување со себе и другите.

Антената не ви фаќа сигнал

Кога сонувате дека антената не ви фаќа сигнал, тоа имплицира дека немате доволно разбирање за околината. Нерасположени сте и често влегувате во расправија со луѓето кои ви се блиски. Дури и ситници се во состојба да ве изнервираат и брзо да ви пукне филмот. Ако имате деца, можно е да ви замерат дека лесно им се лутите наместо да им обнете внимание и да решавате проблеми по пат на разговор.

Ако симнувате антена

Ако симнувате антена од покрив тоа симболизира лоша комуникација со партнерот или блиската околина. Можно е веќе подолго време да чувствувате дека никој не ве разбира често наидувате на осуда. Сето тоа ве заморува и оптоварува. И покрај тоа што сте навикнати често да сте во право и соработниците, колегите и членовите на семејството да ви веруваат, се наоѓате во фаза кога тоа повеќе не е така. Размислете за своите постапки и ако повеќе од две лица ви кажат дека грешите, тогаш мора проблемот да биде во вас, а не во нив.

Да ви паѓа антена или да биде падната антена од покрив

Ако сонувате дека ви паѓа антена од покрив тоа значи дека ќе се чувствувате немоќно и слабо во однос на проблемите кои ќе ве измачуваат. Веројатно после неколку неуспеси сте изгубиле волја да се борите и едноставно сте се препуштиле на судбината. Колку и да ви се чини најправилно, за кратко време ќе се уверите дека грешите, па ќе посегнете по брзи решенија.

Ако уривате антена

Сон во кој уривате антена симбилизира разочарување во блиска личност. Можно е партнерот да се дистанцирал од вас, а вие не можете да сфатите зошто го прави тоа. Никако не успевате да му/и се приближите, па сте почнале да се сомневате во неговата/нејзината љубов и верност. Во најлош случај, ќе одбегнува разговор, што дополнително ќе ви создава фрустрации. Овој сон може да се однесува и на пријател или член на семејството кој едноставно престанал да комуницира со вас. Вам можеби не ви е јасно, но постои можност некој од вашите блиски да се чувствува изневерено.

Ако некој друг урива антена

Кога сонувате дека некој друг урива антена од покрив тоа значи дека во блиска иднина ќе доживеете неудобна ситуација. Можеби ќе имате проблем на работа кој вклучува повеќе луѓе. Ќе се најдете во вртлог од кој не знаете како да излезете. Ќе имате впечаток дека сите се против вас.

Ако сонувате скршена антена

Скршена антена симболизира неуспешна борба да се ослободите од минатото. Веројатно некој настан од минатото се уште ве следи и не умеете да го решите овој проблем. Ако не можете да се ослободите, размислете какви позитивни последици би донело со себе. Веројатно не сте ни свесни дека сте научиле нешто од тоа или дека сте станале поцврста личност бидејќи сте имале лошо искуство. Оставете го минатото зад вас и сконцентрирајте се на убавите нешта во сегашноста и иднината.

Ако на сон видете дека антена се крши поради невреме ќе примите лоши вести кои длабоко ќе ве потресат. Сепак. Ќе го пребродите тоа без значителни лузни.

Ако поправате антена

Ако на сон поправате антена, тоа ја симболизира вашата потреба да поправите нешто во вашиот живот. Можно е да сте во лоши односи со член на семејството, пријател или партнер. Обидете се да ја поправите комуникацијата и да покажете дека личноста ви значи.

Ако подарувате антена

Ако сонувате дека некому подарувате антена можно е да ве мачи дилема дали да откриете некому тајна или не. Веројатно сте дознале нешто за нечиј партнер што воопшто не е удобно. Од една страна би сакале да бидете искрен пријател, а од друга се плашите дека ќе го скршите. Размислете дали е правилно да се плеткате или ќе одлучите сепак да го жртвувате пријателството за вистината.

Ако добиете антена на подарок

Кога сонувате дека некој ви подарува антена тоа имплицира дека некој сака да ви укаже дека грешите во работата. Колега или соработник воочил дека имате неправилности во работата и сака да ви го објасни тоа на суптилен начин. На почетокот нема да ги разберете неговите инсинуации и ќе ги сметате за злонамерна критика. Меѓутоа, кога подобро ќе размислите веројатно ќе увидите дека некоја задача сте ја завршиле аматерски.

Ако купувате антена

Сон во кој купувате антена значи дека наскоро ќе слушнете одлични вести кои би можеле да ви го променат животот од корен. Подгответе се за позитивни промени и наместо да се грижите како ќе ви изгледа иднината, време е да се опуштите и уживате во добри вести.

Ако продавате антена

Ако на сон продавате антена, тоа значи престанок на комуникација со драга личност. Можеби сте можеле да го предвидите тоа, но не сте верувале дека ќе престане да ви се јавува. Ако сакате да ја задржите оваа личност, потрудите се да оддржувате комуникација и да и посветите внимание. Во спротивно би изгубиле близок пријател.

Ако видите повеќе антени

Сон во кој гледате повеќе антени значи дека сте комуникативна личност и сакате да запознаете нови пријатели кои ќе ги поседуваат вашите карактеристики. Можно е во блиска иднина тоа и да ви се оствари. Сепак, бидете внимателни и немојте да живеете во заблуда дека секоја нова личност која ќе ја запознаете е добра.

Ваквите соништа се проследени со чувство на страв, тага, депресија, возбуда, надеж и среќа. Ако неодамна сте дошле во контакт со антена или сте разговарале со некој човек за антени, сонот не се толкува. Исто важи и ако сте читале или гледале телевизиска програма за тоа. Вашиот мозок веројатно процесуира информации на сон добиени на јаве.

Дефиниција за антена

Антена е уред кој служи за прием и испраќање на радиобранови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg