Антарктик

Term Main definition
Антарктик

Неостварлив или тешко остварлив план.

Што значи да го сонувате Антарктикот /Јужниот Пол?

Ако го видите Антарктикот

Кога на сон го гледате Антарктик, тоа означува неосварливи планови. Можно е да сакате да почнете работа која во овој момент нема изгледи за успех. Пријателите ќе ве предупредуваат да не избрзувате со одлука бидеќи може да се случи да изгубите повеќе отколку што можете да добиете. Имате желба да се докажувате, па затоа нема да ги послушате советите. Ако планирате да се задолжите за да ви тргне работата, веројатно ќе сфатите дека луѓето околу вас биле во право. Заминувањето на работно место во конкурентска фирма ќе направи да ја изгубите тешко добиената доверба.

Ако одите на Антарктик

Кога сонувате дека одите на Антарктик тоа е знак дека ќе ја промените средината. Во вашиот живот ќе завладее монотонија, па ќе побарате начин да направите нешто возбудливо. Често имате желба да побегнете и сметате дека промена на град или држава е вистинското решение за вас. Имате чувство дека се ќе можете да постигнете во ново опкружување, бидејќи во сегашното немате инспирација. Можеби ќе имате прилика да одите во странство каде што до израз ќе дојде вашиот авантуристички дух и желба за експериментирање.

Сакана личност да оди на Јужен Пол

Доколку сонувате како саканата личност или близок пријател заминуваат за Антарктик тоа симболизира страв дека ќе го прекинете вашиот однос. Од некоја причина сте почнале да се оддалечувате. Иако тешко ја прифаќате дистанцата, не знаете како да ја промените ситуацијата. Размислете што ве довело до тоа и признајте си ја грешката. Тоа би било добар чекор кон стабилизација на односот.

Ако го видите Антарктикот на карта

Кога сонувате Јужен Пол на карта тоа значи дека во блиска иднина би можеле да отидете на патување со драга личност. Веројатно долго време планирате, но во намерате ве спречувале финансии или обврски. Сепак, ќе сфатите дека заминување на одмор би било благотворно за вашето тело и духот, па ќе оставите се на страна за да си ја остварите желбата.

Ако планирате патување на Антарктик

Доколку на сон планирате патување на Антарктик тоа значи дека имате преголеми очекувања од партнерот. Што и да прави имате впечаток дека тоа не е доволно. Ќе почувствувате дека полека „кренува раце“ и се свртува кон своите потреби и желби, што кај вас ќе предизвика разочарување. Размислете што ве довело до тоа и што можете да направите за да останете во врска со саканата личност.

Можно е околината да не ви дава доволно поддршка за одлуката која ја донесувате. Некој член од семејството ќе се обиде да ве разубеди од идејата, а ви ќе го сфатите тоа како злонамерна критика. Обидете се да ја намалите количината на негативна енергија која во моментот ја зрачите и почнете да пронаоѓате задоволства за почеток, во малите нешта.

Ако го истражувате Антарктикот

Кога сонувате дека сте дел од истражувачка експедиција на Антарктикот тоа значи дека залудно се обидувате да претворите хоби во занимање. Вашата креативност не е занемарлива, но засега не ви носи никакви финансиски средства. Тоа почнува да ве фрустрира, а не би се одрекле од единствените работи кои ви причинуваат задоволство. Ќе посегнете по лесна заработка со игри на среќа или ќе побарате пари на заем или кредит, за си обезбедите некаква финансиска заработка. Долгорочно гледано, ризикот ќе ви се исплати, но ќе ви биде потребен огромен труд, работа и одрекувања за да почнете да ги чувствувате бенефитите на вашата работа.

Доколку сонувате група истражувачи можно е дека во блиска иднина ќе запознаете личност која ќе ве воодушеви со својот начин на размислување. Особено ќе ве импресионира неговиот/нејзиниот авантуристички дух и отсуство на страв за пробување нови нешта. Ќе посакате барем на момент да сте како него/неа, но знаете дека не е во склад со вашата природа.

Ако живеете на Антарктик

Ако сонувате дека живеете на Антарктик можно е да се сретнете со пријател или познаник кој одамна од градот и кого долго време не сте го виделе. Ќе ви годи неговото друштво и ќе се сетите на убавите моменти кои сте ги поминале заедно. Од друга страна, сон во кој сонувате дека живеете на Антарктик симболизира презаситување од луѓето кои ве опкружуваат и работа која веќе долго време не ве исполнува. Ќе посакате да се преселите некаде, но ќе бидете свесни дека тоа сега не е можно.

Кога сонувате дека близок пријател или член на семејството живее на Антарктик потсвеста ве предупредува дека сте запоставиле да се дружите со неа/него. Бројните обврски не ви дозволуваат да поминувате време заедно, а дури и кога би се ослободиле, би одлучиле да останете дома и да се одмарате. Доколку некоја личност ви значи ќе мора да се потрудите да ја задржите личноста во вашиот живот.

Ако загинете на Антарктик

Доколку сонувате дека загинувате на Антарктик како последица на замрзнување тоа значи дека лошиот период е зад вас. Можете да очекувате позитивна промена на приватен и деловен план. Сиот ваш труд конечно ќе се исплати. Сте вложиле доволно време и труд за да гиизбалансирате приватниот и деловниот живот. Конечно ќе можете да се опуштите и да ги берете плодовите на својата работа. Најмногу ќе ве радува фактот дека ќе имате доволно слободно време за луѓето кои ги сакате. Можно е дека ќе одлучите да се почестите со излет во природа или кратко патување.

Пингвини на Антарктик

Кога сонувате пингвини на Антарктик тоа ја симболизира вашата амбиција. Чувствувате дека можете да постигнете многу повеќе од она што го постигнувате во моментот. Цврсто сте уверени дека вашето време допрва доаѓа и дека ќе знаете да препознаете вистинска прилика. За тоа време ќе се потрудите да ги покажете своите способности. Тоа некои луѓе ќе го сметаат за наметнување, но вие нема да им обрнувате внимание. Знаете што сакате и се стремите без оглед на она што ќе ви застане на пат. Чувства кои ги следат овие сонови се изненадување, возбуда, среќа, воодушевување, уживање а поретко страв и паника.

Доколку неодамна сте читале за Антарктик или гледале документарен филм, толкувањето на сонот е едноставно – тоа што сте го виделе на јаве, се роектира на сон.

Дефиниција за Антарктик

Антарктик е најладниот континент на кој се наоѓа земјиниот Јужен Пол. Секогаш е прекриен со мраз и петти е по големина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg