Ангел

Term Main definition
Ангел

Ако го видите – среќа. Ако говорите со него – исполнување на многу желби. Ако сте ангел на сон: болест, несреќа.

Што значи да сонувате ангел?

Ако видите ангел на сон

Кога на сон гледате ангел, тоа е симбол на среќа. Ќе почувствувате големо олеснување бидејќи ќе го промените начинот на размислување и согледување на нештата. Во минатото проблемите сте ги набљудувале скептично без надеж дека нештата ќе кренат на подобро. Меѓутоа,  наскоро ќе преземете одговорност за своите постапки и ќе се потрудите да живеете онака како што се посакувале отсекогаш.

Ако разговарате со ангел на сон

Кога сонувате дека разговарате со ангел, тоа означува исполнување на желби. Ви претстои период во кој ќе имате успеси на сите полиња. Што и да почнете да работите, ќе го завршите пред утврдениот рок и ќе ги надминете очекувањата на другите луѓе. Ќе добиете многу пофалби за темелната и квалитетна работа, па ќе бидете во идеална позиција да добиете покачување, унапредување или други можности.

На емотивен план ќе бидете многу задоволни бидеќи партнерот ќе ви го подари вниманието кое го заслужувате. Ако сте во брак, можеби ќе донесете важна одлука да го проширите семејството или да се преселите на друго место.

Ако сонувате дека сте ангел

Кога сонувате дека сте ангел, тоа предупредува на болест.  Веројатно сте си поставиле цели кои би можеле да ве доведат до многу тешко психичко и физичко здравје. Се наоѓате помеѓу желбите и можностите кои се чиста спротивност. Имате преголеми очекувања и од другите луѓе, кои, колку и да се трудат, не можат да ве задоволат. Може да се случи да си заминат за да не гледаат како станувате фрустрирани и несреќни.

Ако се расправате со ангел

Ако сонувате расправија со ангел можни се несогласувања со партнерот или некоја друга блиска личност. Веројатно комуникацијата меѓу вас во последно време е напната и постојано се обвинувате за различни проблеми. Мора прво да решите некои работи со себе, па да се обратите на личноста со која имате несогласувања. Мора да бидете свесни дека за добра комуникација која води до решение на проблемот потребно е големо трпение и разбирање. Имајте го тоа во предвид пред да се расправате со саканата личност.

Ако физички се пресметувате со ангел

Ако на сон се пресметувате со ангел тоа симболизира опасност. Би можеле да се најдете во ситуација која не е поволна за вас и која би можела да донесе некои негативни промени во вашето секојдневие. Бидете внимателни кога донесувате одлуки бидејќи непромислен потег би можел да ве чини.

Ако убиете ангел

Кога сонувате дека убивате ангел тоа имплицира дека чувствувате грижа поради нешто што сте рекле или направиле. Тоа чувство долго го потиснувате во себе, но гордоста не ви дозволува да се обратите на личноста што сте ја повредиле. Молчењето нема да ви реши ништо, како и негирањето дека сте виновни. Време е да преземете одговорност за своите постапки бидејќи во иднина би можеле да изгубите многу блиски личности.

Ако сонувате дека некој друг убива ангел тоа значи дека ќе доживеете некоја неправда. Можно е некој да ги украде вашите заслуги за работата што сте ја завршиле вие, или неправедно ќе ве обвини за нешто што воопшто не сте го сториле. Ќе пројде долго време пред да се опоравите и да сфатите дека целата ситуација не е вредна за вашите нерви.

Ако водите љубов со ангел на сон

Сон во кој имате интимен однос со ангел симболизира потреба за нежност и внимание.  Ако долго време сте во брак веројатно чувствувате дека партнерот не ве доживува онака како што би сакале. Можеби сте се оддалечиле поради бројни обврски и проблеми. Обидете се да разговарате со партнерот и да му посветите време. Тоа што не се лудо вљубени не мора да значи дека утеха треба да барате во друга личност. Ако долго време сте сами, размислите што ве спречува да се отворите кон другите и да дозволите некој да ви пријде.

Можеби премногу сте самокритични или поради грешки од минатото сте поставиле гард кој никој не може да го совлада. Наместо да страдате и да се жалите што сте осамени, размислете за своите постапки и причини и сфатете зошто е така.

Гол ангел на сон

Кога сонувате гол ангел на сон тоа значи дека ќе слушнете добри вести. Можеби во посета ќе ви дојде драга личност која долго време не сте ја виделе, а која многу ви значела во животот. Ве очекува убаво дружење и евоцирање среќни спомени.

Ангел во облека

Ангелите симболизираат мир и љубов. Можеби ги сонувате кога се чувствувате потполно исполнето и среќно, но и во оној момент кога барате мир. Доколку сте во турбулентна фаза ангелите во бело ја симболизираат вашата потреба за одмор. Кога сонувате ангел во црно потсвеста ве предупредува дека чувствувате вина поради нешто. Веројатно имате потреба да поправите некои нешта и да си ја смирите совеста. Ако ангелите кои ги сонувате се во шарена облека очекувајте голема среќа, радост и позитивна промена.

Женски ангел

Кога сонувате женски ангел тоа симболизира просперитет, љубов, плодност и мир. Тешкотиите кои ги чувствувате би можеле наскоро да исчезнат. Ќе успеете да се организирате така што ќе ви останува време за себе. Ќе бидете опкружени со семејството и драгите луѓе што ви претставува задоволство.

Машки ангел

Машки ангел на сон претставува потреба за заштита. Веројатно подолго време чувствувате дека сте сами и дека добро би ви дошла помош да го пребродите овој тежок период. Би сакале покрај вас да има некој кој во даден момент ќе знае што треба да прави. Машки ангел значи потисната агресија и бес. Ако некој неодмна ве налутил, веројатно потсвеста тоа го пренесува на сон.

Ангел чувар

Кога на сон го гледате својот ангел чувар тоа значи дека од некоја неволја ќе ве извлече некоја непозната личност. Тоа ќе ви ја врати вербата во луѓето кои поради лошите искуства сте ги изгубиле.

Ангел на смртта

Ако на сон го видите ангелот на смртта тоа симболизира некоја морална дилема. Веројатно некоја ситуација ќе ве натера да размислите дали да направите нешто што не е морално поради пари или љубов или да сочувате совеста и да си обезбедите мирен сон. Што и да одлучите ќе бидете свесни дека со тоа ќе живеете до смрт. Ваквите сништа ги следи чувство а радост, среќа, мир и благосостојба. Поретки се емоциите како што се загриженост, тага, страв и паника.

Доколку неодамна сте читале за ангели или гледале филм или документарна емисија на темата сонот се толкува поедноставно – вашиот мозок обработува информации добиени на јаве.

Дефиниција за ангел

Ангел е натприродно суштество кое му служи на Бог или на богови. Присутен е во многу религии, а особено во христијанството, јудаизмот и исламот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg