Анемија

Term Main definition
Анемија

Здравје. 

Што значи да сонувате анемија?

Ако имате анемија

Ако сонувате дека вие имате анемија, тоа е симбол на здравје. Можеби премногу се чувате од болести, особено од вируси и грипови. Ако се појават симптоми кои ви изгледаат несекојдневни, веднаш се распрашувате за нивната причина. Околината смета дека сте хипохондрични, но вие упорно се водите според изреката дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Веројатно партнерот ви замерува дека сте премногу уредни, додека вие сметате дека е неодговорен и не води грижа за своето здравје.

Ако некој друг има анемија

Кога во ваш сон некој друг има анемија, тоа значи дека сте загрижени за некого кој веќе долго време е болен. Веројатно ве мачи совеста бидејќи не сте посветиле доволно внимание на личноста која има сериозен здравствен проблем. Се трудите да не мислите на тоа, но сепак чувствувате вина бидејќи не сте однесувале онака како што доликува во ситуацијата. Темава ви е прилично болна и се трудите да ја избегнувате кога сте во можност.

Ако се излечите од анемија

Сон во кој сте се излечиле од анемија е знак дека ги преувеличувате проблемите со кои се соочувате. Склони сте на претерување и од мува правите слон. Со текот на времето тоа е ваш заштитен знак на функционирање и поглед на светот. Полесно ви е да мислите дека се е залудно, и да не се надевате на ништо, бидејќи на тој начин ќе се заштитите од разочарување. На работите им приоѓате со негативен став и понекогаш се радувате кога ќе ви се случи неучекувано убаво искуство.

Ако некој друг се излекувал од анемија

Кога сонувате дека некој друг се излекувал од анемија, тоа значи дека ќе решите големи грижи. Сте се довеле до состојба од која никако не можете да најдете излез. Обврските и стресот ве гушеле до таа мера што сте почнале да чувствувате здравствени неудобности. Сепак, наскоро ќе сфатите дека ништо не е поважно од здравјето. Само така ќе внесете позитивна енергија во својот живот, а така ќе оди полесно решавањето на проблемите.

Ако примите крв поради анемија

Доколку сонувате дека примате крв поради анемија тоа ја симболизира потребата да се посветите себеси. Можеби долго време чувствувате умор и поради недостаток на слободно време посегнувате по полесни решенија, како на пример, брза храна. Поради тоа чувствувате грижа на совест и сакате да го промените тоа.

Ако некој друг прима крв поради анемија

Кога сонувате дека некој друг прима крв поради анемија тоа значи дека пријателот или колегата би можеле да ве прашаат за совет или помош. Верува дека сте доверлива и одговорна личност која знае како да му пристапи на проблемот. Тоа ќе ве направи горди и радо ќе прифатите да помогнете. Ваквите соништа ги следи чувство на страв и паника, а можно е да чувствувате и олеснување.

Доколку некој во вашето опкружување има проблем со недостаток на црвени крвни зрнца сонот не се толкува. Исто важи и ако неодамна сте читале за анемија или гледале ТВ прилог на таа тема. Тоа едноставно значи дека на сон ги обработувате информациите добиени на јаве.

Дефиниција за анемија

Анемија е вид на заболување кое настанува поради недостаток на црвени крвни зрнца. Со друго име се нарекува слабокрвност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg