Амбар

Term Main definition
Амбар

Полн – напредок, благосостојба, добробит. Празен – залудни ви се надежите, очекувајте штета.

Што значи да сонувате амбар?

Ако сонувате полн амбар

Ако сонувате полн амбар, тоа е симбол на благосостојба и добробит. Врската во која се наоѓате ќе ве направи многу среќни. Ако не сте во врска во моментот, наскоро ќе запознаете личност што ќе го освои вашето срце. После кратко време ќе увидите дека работите меѓу вас функционираат совршено. Веројатно наскоро ќе одлучите да почнете да живеете заедно, што ќе се покаже како вистински избор. Можно е партнерот да работи многу, па ќе му значи ако имате разбирање и не му замерувате што не може да во посвети онолку внимание колку сметате дека заслужувате.

Ако сонувате празен амбар

Кога сонувате празен амбар, тоа  е предупредување дека залудно се надевате. Се наоѓате под голем притисок бидејќи нештата на работата и на љубовен план не се одвиваат онака како што замислувате. Веројатно некој ви должи пари кои ви се потребни веднаш. Ако не си ги побарате парите, секогаш ќе наоѓа изговори да го одложи враќањето на заемот. Ќе сфатите дека залудно очекувате да го исполни ветувањето. Тоа ќе ви ја отежни ситуацијата бидејќи парите ви се потребни во овој момент за работата со која се занимавате. Нерасположението ќе ви се одрази и на врската со партнерот кој ќе се пожали што веќе подолго време го запоставувате.

Амбар во пламен

Кога на сон гори амбар, тоа укажува дека сте во опасност. Веројатно сте се замериле со луѓе од другата страна на законот. Исплашени сте бидејќи знаете дека не простуваат и не забораваат толку лесно. Ќе бидете внимателни во наредниот период, бидејќи сте свесни дека кога тогаш ќе се обидат да ви наштетат.

Ако полните амбар

Кога сонувате дека полните амбар со жито, тоа значи дека ве очекуваат убави моменти кои ќе ги поминете во кругот на семејството или пријателите. Можеби подолг период, поради обврски, ги имате занемарено луѓето кои ги сакате. Сега конечно доаѓа период кога ќе можете да го надокнадите изгубеното.

Ако некој друг полни амбар

Ако сонувате дека некој друг полни амбар со жито, ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да ги браните своите идеи и ставови. Можно е на работа некој од колегите да се обиде да ги преземе заслугите за задача која вие сте ја извршиле.  Овојпат нема да /му го дозволите тоа, бидејќи и самите сте свесни дека и порано другите биле наградувани за ваш труд.

Ако уривате амбар на сон

Ако на сон уривате амбар тоа значи дека ќе ви случи некоја штета или загуба. Можно е да имате проблеми со автомобилот или поправки на кујнските апарати кои ќе ви донесат непланиран трошок. Можеби ќе посегнете да позајмите пари или да подигнете кредит. Сепак, бидете внимателни бидејќи при потпишување на договорот, непромисленоста би можела скапо да ве чини.

Ако некој друг урива амбар

Доколку некој на сон урива амбар тоа симболизира разочараност од драга личност. Можеби пријателот ќе ви го покаже вистинското лице или партнерот ќе ви признае нешто што никогаш не сте го очекувале. Ќе бидете изненадени и разочарани и ќе ви треба време да се помирите со вистината. На крајот сепак ќе се обидете да ја прифатите личноста и да продолжите понатаму.

Ако чистите амбар

Ако сонувате како чистите празен амбар тоа значи дека во иднина ќе расчистите со некоја личност. Можеби комунакацијата со партнерот или пријателот веќе долго време ви е исклучително лоша. Ќе одлучите да ги ставите сите карти на маса и конечно да ги решите сите нејаснотии во односот. Можеби партнерот не ве разбира, па ќе се обидете да го решите тоа. Ако сфатите дека не сте еден за друг, следува раскинување.

Ако некој друг чисти амбар

Ако некој друг чисти амбар потсвеста ве предупредува дека можеби ќе направите грешка. Постои шанса да се вовлечете во некој проблем, па ќе мора да барате помош од пријател за да го решите.

Ако купувате амбар

Доколку сонувате дека купувате амбар тоа значи дека во вашиот живот ќе се појави нова личност која ќе ви помогне да решите одредени нејаснотии или проблеми.  Можеби ќе запознаете влијателен маж или жена поради кои би морале да промените место на живеење или работа. Веројатно долго време си мечтаете за тоа, па можеби овојпат сонот ќе ви се оствари.

Ако некој купува амбар

Ако сонувате како некој купува амбар, пријателот ќе ве замоли за совет или за парична помош. Станува збор за личност која повремено се појавува во вашиот живот, па молбата ќе ве изненади. Ќе размислите како да постапите. Во намерата да му/и помогнете ве кочи фактот дека никогаш оваа личност не била присутна во вашиот живот кога нешто ви требало. Размислете дали тоа е доволна причина да одбиете некого.

Ако продавате амбар

Ако продавате амбар потсвеста ви говори дека треба да посетите лекар. Можно е да сте го запоставиле сопственото здравје и упорно игнорирале симптомите кои ги чувствувате. Наместо да одредувате дијагноза читајќи на интернет, обратете се на стручно лице.  Правилнната дијагноза и благовремената терапија ќе спречат големи последици.

Ако некој друг продава амбар

Сон во кој некој друг продава амбар симболизира потреба за одмор. Веројатно ви се натрупуваат обврските од ден на ден и имате впечаток дека ве гушат. Без оглед на тоа колку во овој момент одморот го сметате за луксуз, обидете се да си дадете оддишка. Обидете се да одморите со помош на музика, книга или филм и барем на еден час два да им дозволите на душата и телото да одморат.

Ако подарите амбар

Кога некому подарувате амбар тоа значи дека ќе бидете поканети на некоја прослава. Можеби некој ваш пријател ќе ве замоли да му бидете кум на венчавка или крштевка, што за вас ќе претставува голема чест. Веројатно ве мачат финансии, бидејќи тоа е дополнителен трошок за вашиот буџет, но ќе успеете да ја надминете пречката без поголеми проблеми.

Ако добиете амбар како подарок

Доколку на сон некој ви поклонува амбар тоа значи дека ви е потребен добар советник. Можеби имате здравствени проблеми или се соочувате со тешка ситуација на работа или дома, па би сакале да имате личност покрај себе пред која би можеле да споделите што имате на срце. Имате впечаток дека немате кому да се обратите, бидејќи сите се преотоварени со сопствените грижи.  Сепак, немојте да мислите дека сте сами, бидејќи некои членови на семејството радо ќе ве сослуша и посоветува.

Ако неодамна сте виделе амбар во живо или на телевизија или сте разговарале за тоа, толкувањето на сонот е поедноставно. Вашиот мозок сам го процесуира она што сте го виделе на јаве.

Дефиниција за амбар

Амбар е градежно здание кое служи за складирање на сено, жито или сточна храна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg