Алое вера

Term Main definition
Алое вера

Алое што цвета – длабока старост. Ако гледате алое – здравје.

Што значи ако сонувате алое вера?

Ако гледате како цвета алое

Кога на сон гледате како цвета алое, тоа означува длабока старост. Ќе сфатите дека непотребно се нервирате за работи на кои не можете да влијаете. Ќе имате позитивен став кон животот и луѓето едвај ќе чекаат да бидат во ваше присуство. Ќе бидете добро расположени и ќе водите сметка за вашето здравје, што ќе резултира со тоа да доживеете длабока старост. Можеби некој смета дека сте себични, но вие нема да обрнувате внимание на тоа.

Ако берете алое

Кога сонувате дека берете алое, тоа симболизира здравје. Можeби порано не сте се придржувале на правилата за здрав живот, но сега ќе донесете одлука да ги примените. Ќе се одлучите да ги елиминирате лековите и вишокот килограми со тоа што ќе се храните правилно, а стресот ќе го елиминирате со помош на поголема физичка активност. Како ќе одминува време, ќе уживате во благодетите на правилните одлуки кои сте ги донеле. Сите ќе ве опсипуват со комплименти и тоа дополнително ќе ви влее доверба дека сте на вистинскиот пат.

Ако носите алое во раце

Кога сонувате дека носите алое во раце, значи дека некој ваш близок има здравствени проблеми. Во нареден период, некој ваш пријател или роднина ќе прави лекарски испитувања или пак ќе оди на некоја хируршка интервенција. Тоа ќе ве вознемири и ќе се трудите да поминете поголемо време со нив. Можеби имате многу обврски, но желбата да им помогнете ќе биде поголема од вашиот умор. Тие ќе ви бидат навистина благодарни и ќе им значи вашата поддршка и друштво.

Ако засадите алое

Сон во кој садите алое симболизира добра инвестиција. Можеби ќе одлучите да инвестирате во приватен бизнис или да инвестирате пари во нешто што ќе ви донесе профит. Се двоумите дали да ја чувате заштедата за „црни дни“ или да ги вложите парите во таа инвестиција за да добиете уште поголем профит. Иако блиските пријатели ве советуваат да бидете задоволни со тоа што го имате, ќе сфатите дека е точно мотото „нема профит без ризик“. Ќе го следите вашиот инстинкт, дури и ако тоа скапо ве чини.

Ќе се испостави дека сте биле во право и дека чувството не ве излажало.
Сон во кој некој друг сади алое, означува дека некој колега или претпоставен „се кити со ваши перја“. Можеби некое време гледате како вашиот труд не може да се монетизира,но исто така дека некој друг има поголема корист од вашиот труд отколку самите вие. За да не си создадете  фрустрација во иднина, обидете се да заземете став и некако да му/и докажете дека не постапуваат во ред.

Поле засадено со алое

Кога сонувате поле засадено со алое, потсвеста ви кажува дека треба да се одморите. Веќе некое време ги игнорирате знаците на истоштеност затоа што сте соочени со бројни обврски. Сепак, свесни сте дека премногу стрес може негативно да влијае на вашето здравје. Обидете се да најдете време за себе. Можно е да испланирате пократко патување, пијалок или ручек со блиски луѓе. Тоа ќе влијае позитивно на вашето тело и умот.

Ако се боцнете од алое

Ако сонувате дека сте се боцнале од алое и дека крварите, значи дека ги занемарувате партнерот или пријателите. Работата и одговорностите, или пак едноставно мрзеливоста ве спречуваат да им посветите повеќе време на оние кои ве сакаат. Веројатно во моментов ви одговара само „одбрано“ друштво на луѓе, па им се оправдувате на блиските дека не можете да се видите поради огромниот број на обврски со кои се соочувате во моментот. Иако тоа е понекогаш нормално, најблиските нема да го разберат тоа на вистински начин.

Можеби не ви кажуваат, но снемуваат трпение и почнуваат да ви замеруваат. Поради тоа, поставете приоритети за да имате доволно време за сите. Ако се ставите на нивно место, ќе сфатите дека и тие се во право.

Ако подарите алое

Кога некому на сон подарувате алое, значи дека некој ваш пријател е во криза и дека навистина сакате да му помогнете, но не знаете како. Се обидувате некако да му дадете совет, но сметате дека правите повеќе штета отколку корист. Обидете се да не претерувате, бидејќи советот лесно може да прерасне во критика. Дајте му време на пријателот да размисли за сè, и држете се на страна додека не побара помош од вас. Обидете се да му бидете постојано достапни, но не наметнувајте го вашето мислење или позиција, и не очекувајте слепо да ги следи вашите инструкции.

Ако добиете алое за подарок

Ако некој на сон ви подари алое, можеби ве очекува мачен разговор со член на семејството. Некој со најдобра намера се обидува да ви укаже дека вашите навики или пороци можат да ви го оштетат здравјето. Можеби самите сте свесни за тоа, но сепак ве нервира што другите ви го укажуваат тоа постојано. Обидете се да не навлегувате во големи дискусии бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро. Напротив, слушајте ги советите, размислете за сè и постапете онака како што мислите дека е најправилно.

Ако купите алое

Ако сонувате дека купувате алое, значи дека во блиска иднина ќе запознаете личност која би можела да ви биде пријател до крајот на животот. Долго сте опкружени со едни исти луѓе, не стекнувате нови пријателства и буквално се наоѓате во вашата комфорна зона. Овој пат можеби ќе сретнете некој за кого уште од самиот почеток ќе почувствувате дека ви одговара како личност. Дружбата со него/неа ќе ви претставува вистинско уживање.

Ако продавате алое

Кога сонувате дека продавате алое, потсвеста ви кажува да не им го правите на другите она што не би сакале тие да ви го направат вам. Можете да повредите некого со вашите зборови или постапки, а како што и самите сте чувствителни на мислењата од останатите, подобро е да внимавате како се однесувате кон нив.

Дури и ако некого го критикувате поради нивните постапки, размислете дали вашите постапки не се за критика. Можни се проблеми во комуникација со колегите или партнерот. Во двата случаи, најверојатно ќе бидете криви самите, и тоа нема да моќе да го сфатите на почетокот.На крај ќе увидите дека не сте биле во право, па најпосле ќе барате од нив да ви простат. 

Лек или козметика од алое

Ако видите или конзумирате лек од алое или козметика од алое, тоа значи дека се плашите од болест или смрт. Свесни сте дека сте го занемариле вашиот физички изглед или не сте посетиле лекар подолго време. Веројатно ве шокира информација дека некој ваш близок има здравствени проблеми. Ова ќе ве натера да почнете да се грижите за себе. Можеби немате некои сериозни симптоми во моментот, но во секое време можете да посетите лекар или стоматолог.

Ако неодамна сте биле во допир со алое или сте користеле лек или козметички препарат заснован на алое, сонот не се толкува. Исто така, ако сте читале за тоа растение или сте гледале документарец на телевизија за алое, можно е тоа да оставило силен впечаток на вас.

Дефиниција за алое

Алое е растение од семејството Asphodelaceae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg