Алманах

Term Main definition
Алманах

Кога жена сонува – предупредување да не се жртвува. Кога маж сонува – добра зделка.

Што значи да сонувате алманах?

Жена ако сонува алманах

Кога жена сонува алманах, тоа значи дека нејзината жртва не е залудна. Можно е само вие да се борите врската да ви успее. Партнерот е потполно рамнодушен и навикнат да ви се препушти вам. На почетокот ви било полесно сами да го организирате времето кое го поминувате заедно, но се повеќе почнува да ви пречи недостатокот на иницијатива кај партнерот.

Имате чувство дека се досадува во ваше друштво и дека му е сеедно дали ќе се видите или нема. Ќе ви биде жал кога ќе сфатите дека ве зема здраво за готово и ќе ви недостасува вниманието кое ви го посветувал на почетокот на врската. Ќе бара вина во себе и ќе се прашува каде сте погрешиле.

Маж кој сонува алманах

Кога маж сонува алманах тоа симболизира успешна зделка. Се двоумите дали да започнете бизнис со пари кои ги имате заштедено или добиено преку продажба на недвижнини. Ќе ја имате поддршката во тоа, бидејќи се работи за нешто што сакате да го работите и што го извршувате квалитетно и со голем успех. Парите нема да ви бидат единствената мотивација, па во тоа ќе најдете задоволство кое не сте го чувствувале во претходните зделки. Иако со доза на страв ќе влезете во нови работни победи, ќе имате непогрешива интуиција дека се ќе биде онака како што сте го замислиле.

Ако пишувате алманах

Кога сонувате дека пишувате алманах тоа означува нов почеток. Можеби ќе одлучите да промените работно место, средина во која живеете или партнер. Ќе чувствувате презаситеност од се и ќе посакате да доживеете ново искуство. Можно е да ве гуши работата, да сте преоптоварени од обврски и задачи, а да мислите дека трудот и времето што сте го вложиле нема да се исплати. Чувствувате дека претпоставените или колегите ве искористуваат, а напредуваат оние кои тоа воопшто не го заслужиле. Ќе посакате да започнете сопствен бизнис, но ве плаши можноста од неуспех. Можеби ќе ве заштити и средината во којашто живеете. Ќе размислите да отпатувате негде, а можна е и трајна преселба во некој друг град или држава.

Ако сте во брак или подолга врска, ќе сфатите дека сте станале жртви на рутина. Ништо ново не се случува, вашиот однос со партнерот е ладен и работите ги завршувате рутински. Ве мачи тоа што партнерот не се труди да сфати дека вашите потреби не се каприц, туку дека сакате да воспоставите здрав однос, во кој компромисот и љубовта ќе ја надвладеат секоја ваша потреба. Ќе бидете во дилема дали да продолжите да се борите или среќата да си ја барате со друга личност.

Кога сонувате дека некој друг пишува алманах, можно е потсвеста да ви говори дека вашето време сте го ставиле во служба на другите. Роднините и пријателите во секој момент можат да сметаат на вас, бидејќи знаат дека сте спремни да помогнете.  Поради ваквата состојба страдате само вие, ги занемарувате вашите обврски и поради тоа чувствувате незадоволство, а не знаете како да им го кажете тоа бидејќи се плашите дека ќе ги повредите.

Ако читате алманах

Сон во кој читате алманах симболизира добро здравје. Ако неодамна сте страдале од здравствени проблеми поради кои сте биле приморани да посетите лекар, можно е терапијата која ви била препишана да ви помогнала и сега се чувствувате добро. Продолжите да се грижите за себе, внимавајте што јадете и како го користите слободното време. Наместо да гледате телевизија, прошетајте и вдишете чист воздух. Набрзо ќе сфатите дека вашата мрзеливост имала најголем удел во влошувањето на вашата здравствена состојба, па ќе одлучите да се организирате подобро за да си посветите време.

Кога сонувате дека некој друг чита алманах тоа значи дека ќе добиете добар совет од блиска личност. Можеби сте се соочиле со ситуација од која не гледате излез, но нов, свеж поглед на нештата ќе ви помогне да сфатите дека нештата не се трагични.

Ако кинете алманах

Ако сонувате дека кините или сечете страници од алманах со ножички тоа значи дека ќе влезете во расправија со колега или познаник. Ќе наидете на спротивставени идеи и мислења кои би можеле да резултираат со заладени односи помеѓу вас. Ико ќе чувствувате дека сте во право, на време ќе сфатите дека не е паметно поради некои нешта да се расправате со луѓето со кои досега сте биле во добри односи.

Ако некој друг кине алманах

Кога сонувате дека некој друг кине алманах, можно е дека некој ќе ве издаде, затоа внимавајте што зборувате пред другите луѓе. Ќе сфатите дека некои нешта не се кажуваат пред сите и ќе одлучите за интимните проблеми да разговарате само со најблиските. Тоа ќе биде една од подобрите одлуки кои сте ги направите во последно време, со оглед на тоа дека сте свесни дека некој од вашето опкружување едвај чека нешто да му кажете за да пренесе на трета личност.

Ако палите алманах

Сон во кој палите алманах симбоизира потреба да раскинете со минатото. Ќе одлучите убавите и грдите спомени да ги оставите зад себе и конечно да почнете да создавате нови спомени. Веројатно во последно време чувствувате дека некоја грешка од минатото скапо ве чинела и спречила да напредувате или да го остварите она што сте го сакале. Наскоро ќе сфатите дека не е доцна да направите промена и да ги преземете нештата во свои раце. Мора да бидете свесни дека стравот е сосема природен, но не смеете да дозволите да ве спречи во обидот да си го средите животот онака како што посакувате.

Ако некој друг пали алманах

Сон во кој некој друг пали алманах значи дека ќе се најдете во непријатна ситуација. Веројатно ќе присуствувате во расправа помеѓу ваши блиски луѓе.  И едните и другите ќе бараат од вас да заземете страна. Тоа ќе ви причинува тешкотија бидејќи сметате дека не би требало воопшто да се мешате во туѓи проблеми. На крајот би можеле да бидете доведени во ситуација да се најдете во улога на посредник помеѓу двете страни. Обидете се да ги вразумите и да им укажете дека грешат, но ништо посериозно од тоа, бидејќи на крајот вие би можеле да испаднете најголем виновник.

Ако добиете алманах за подарок

Ако на сон некој ви подарува алманах, веројатно имате таен обожавател. Некоја личност од ваша околина има романтични чувства кон вас, но се плаши да ви признае. Можно е и самите да сте осетиле дека нешто чудно се случува, но сте одлучиле да игнорирате бидејќи таквите чувства не се обострани. Ќе се трудите да не му/и паднете во очи за да избегнете изјави на љубов. Наскоро ќе сфатите дека овој потег е сосема погрешен па ќе пуштите работите да се одвиваат по природен тек.

Ако подарувате алманах

Кога некому подарувате алманах тоа значи дека ќе слушните добри вести или ќе ве посети драга личност која долго време не сте ја сретнале. Во секој случај, во иднина ќе ви се случи нешто радосно.

Дефиниција за алманах

Алманах првин бил астрономски календар, а денес е политички, моден и книжевен зборник.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg