Алиментација
Term | Main definition |
---|---|
Алиментација | Ако давате: очекувате низа непријатности, не впуштајте се непромислено во љубовна врска. Ако примате алиментација: ќе се извлечете од проблеми, исполнети желби. Ако видите како некој прима или дава алиментација: се грижите за пријателот. Што значи да сонувате алиментација?Ако плаќате алиментацијаАко сонувате дека давате алиментација, тоа е предупредување дека ќе имате низа непријатности на љубовен план. Можно е, без размислување, да се впуштите во врска која ќе ви наштети. Веројатно се работи за личност која е зафатена или прилично нестабилна. Ќе бидете свесни за нивните недостатоци, но страста ќе ви го помати умот. Врската ќе ви донесе кавга со семејството и со пријателите. Ќе се оддалечите од се она што некогаш ви го сочинувало животот. Кога ќе сфатите дека сте донеле погрешна одлука, веројатно ќе биде доцна за каење. Ако примате алиментација на сонАко сонувате дека примате алиментација на сон, тоа значи дека ќе се извлечете од проблемите кои ве измачувале во изминатиот период. Се наоѓате во тешка финансиска состојба како и луѓето кои ви должат пари. Ќе бидете под стрес бидејќи нема да гледате излез од ситуацијата. Меѓутоа, ќе успеете да си повратите дел од парите за кои сте имале мислење дека се загубени засекогаш. Успешно ќе ги вратите долговите и ќе извлечете важна поука од ова искуство. Ако некој друг прима алиментацијаАко некој друг прима алиментација, тоа имплицира дека се грижите за некој ваш близок пријател. Можно е некој ваш близок пријател да има проблеми во врската или во бракот. Се забележува дека нешто го мачи, а вие се чувствувате беспомошно бидејќи не можете да му помогнете. Тој ќе ви биде искрено благодарен за поддршката која му ја пружате. Проблемот има и позитивна страна, т.е. ќе ве зближи и зацврсти вашето пријателство. Ако одбивате да платите алиментацијаАко сонувате дека одбивате да платите алиментација, тоа значи дека духовите од минатото ќи тропнат на врата. Можно е некому да сте премолчиле нешто или сте биле невнимателни, па сега ви се враќа како бумеранг. Долго време ќе ве мачи решавањето на проблемот и ублажувањето на последиците. Можеби ќе повредите некого со вашите постапки или зборови, но ќе знаете дека тоа е неопходно за да успеете конечно да се ослободите од проблемот. Ако разговарате за алиментацијаАко на сон разговарате за алиментација тоа значи дека ќе ви треба поддршка или помош од луѓето во вашата околината. Тоа ќе биде клучно за вашите понатамошни планови. Ќе влезете во период кога со измачување ќе ги извршувате секојдневните задачи, што може фрустрирачки да ви дејствува. Кога конечно ќе сфатите дека покрај вас стои личност од доверба која би можела да ви помогне, работите ќе станат поедноставни. Ако барате алиментација на судАко сонувате дека барате алиментација на суд тоа значи дека ќе ве разочара колега, работодавач или некоја личност во која сте имале многу доверба. Многу енергија имате вложено во работата со надеж дека некој ќе го препознае вашиот ентузијазам и труд, па за тоа на накој начин да бидете соодветно наградени. Меѓутоа, оние кои одлучуваат дека не го делат вашето мислење, тогаш она што мислите дека ви припаѓа, ќе го добие некој друг. Ваквите сонови се проследени од чувство на страв, немоќ, разочарување или нервоза. Доколку неодамна сте разговарале со некој за тоа или сте дошле во допир на таа тема, сонот не се толкува. Дефиниција за алиментацијаАлиментација е паричен износ кој еден од поранешните сопружници го плаќа после развод за одгледување на детето, а во склад со законот. |