Алиби

Term Main definition
Алиби

Ако давате – избегнувајте кавги. Ако барате алиби – грижи и проблеми.

Што значи да сонувате алиби?

Кога сонувате алиби, тоа ве предупредува дека треба да одбегнувате кавги. Иако наизглед сте мирни, често не знаете да се воздржите кога некој ќе ви каже нешто што не сакате да го чуете.

Може да станува збор за добронамерен совет или зајадлив коментар. Во наредниот период пожелно е да ги одбегнувате родителите на партнерот, бидејќи може да отпочнете расправа, која и порано ви создавала неволји.

Иако сте си ветиле дека нема да неседнувате на провокации, или да ги започнувате, нема да успеете да го исполните тоа. Во нивно друштво се претворате во темпирана бомба која може да експлодира во секој момент.

Кога сонувате дека барате алиби, тоа укажува на проблеми и грижи. Веројатно се грижите поради лошата материјална ситуација во која сте западнале поради долгови. Проблемите што сте ги имале во приватниот живот сте се обиделе да ги решите со туѓи пари.  

Можно е да сте посегнале по некој порок или, пак, се лекувате од депресија со помош на шопинг или патувања. Следниот период ќе мора да ја платите цената, па ќе смислите што да правите понатаму. Веќе сте позајмиле пари од многу луѓе, се плашите дека овојпат нема да ви излезат во пресрет.

Кога сонувате како измислувате алиби, тоа значи дека совеста не ви е чиста. Сте го излажале партнерот и не се чувствувате добро поради тоа. Ќе почнете да се плашите дека ќе ја дознае вистината. Ќе размислите добро пред да кажете што било за да ви се вклопи во приказната. Ќе ви се случи нешто што би можело да ве издаде. Партнерот ќе забележи дека сте напнати и ќе бара објаснување за вашето однесување.

Ако сонувате дека ве откриле дека сте измислиле алиби, тоа значи дека ќе се обидете да излажете некого поради негово или свое добро. Веројатно ќе ја скриете вистината за да го сочувате пријателот од грижи или ќе лажете за да се заштитите себеси. На долгорочен план, оваа лага нема да ви донесе добро ниту вам, ниту другите.

Доколку сонувате како имате проблеми поради недостаток на алиби, тоа значи дека ќе имате комуникациски проблеми со пријател или колега.  Несогласувањата се последица на недоразбирањата. Можно е да се обидете да докажете дека сте вистинската личност за работата, па ќе ве разочара фактот дека претпоставените немаат доволно доверба во вас.

Ако сонувате дека сте обвинети за нешто, но поседувате алиби со којшто можете да докажете дека не сте виновни, на јаве ќе почувствувате олеснување.  Ќе решите проблем кој долго време ве измачувал. Пред вас е мирен период, поволен за реализација на планови на деловен и приватен план.

Кога сонувате дека некој друг приложува лажно алиби, веројатно ќе бидете сведок на некоја измама. Можеби ќе го/ја фатите пријателот/пријателката кои го изневеруваат партнерот или колегата кој се обидува да го прикрие проблемот што го направил на работа. Освен тоа, постои можност да се вовлечете во некои нелегални работи кои, освен големата заработка, би можеле да ви донесат и големи проблеми.

Доколку имате гледано криминалистичка серија или филм, овој сон не се толкува, бидејќи се наоѓате под влијание на она што сте го виделе на јаве.

Дефиниција за алиби

Алиби е средство за одбрана со кое обвинетата личност докажува дека е невина со тврдење дека не се нашла на местото на злосторот во време кога настанал.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg