Акумулатор

Term Main definition
Акумулатор

Ако видите акумулатор: благосостојба, сигурна иднина. Празен акумулатор: лоша среќа. Ако полните акумулатор: проблем чека на ваше решение.

Што значи ако сонувате акумулатор?

Ако видите акумулатор на сон

Кога на сон гледате акумулатор, тоа симболизира благосостојба. Во наредниот период ќе почувствувате мир кој долго време го посакувате. Ќе дадете се од себе да им го пружите најдоброто на семејството. Тие ќе знаат да го ценат тоа и ќе се потрудат да ви се оддолжат колку што можат. Домот ќе ви биде исполнет со веселба и позитивна енергија која ќе ве обединува кога ќе наидат проблеми.

Ако сонувате празен акумулатор

Кога сонувате празен акумулатор, тоа означува лоша среќа. Можно е  наскоро да купите или добиете нов автомобил, но да не сте задоволни. Тој нема да ви служи само како превозно средство, туку и како статусен симбол, па важни ќе ви бидат и неговите карактеристики, изглед и цена. Веројатно ќе добиете нешто што нема да ги задоволува вашите критериуми. Исто така, постои шанса да подигнете кредит за автомобил. Ќе бидете разочарани производот нема да ги исполни вашите очекувања. Ќе добиете нешто сосема различно од она што ви било ветено.

Ако испразните акумулатор на сон

Ако на сон испразните акумулатор, тоа укажува дека имате проблеми кои морате да ги решите. Веројатно сте го криеле под тепих со надеж дека ќе се реши сам од себе. Ќе продолжите да го правите тоа се додека не ви создаде дополнителни проблеми кои изускуваат итна интервенција. Веројатно се работи за лоша здравствена состојба која ви се заканува дека ќе ве загрози. Вашата неодговорност може скапо да ве чини. Семејството ќе бара од вас да водите повеќе грижа за себе.

Ако полните акумулатор

Ако сонувате како полните акумулатор можна е голема парична добивка. Ако сте вработени или имате сопствен бизнис можеби ќе добиете покачување или да склучите богата спогодба. Ако сте невработени или во потрага по работа, постои шанса за добивка на игри на среќа. Сепак, бидете внимателни при трошење пари, бидејќи мотото „како дошло, така отишло“ подоцна би можела да ви создаде главоболка.

Ако некој друг полни акумулатор

Сонот во кој гледате како некој друг полни акумулатор симболизира исцрпеност. Потсвеста ви вели дека веќе подолго време чувствувате замор и стрес од бројните обврски и грижи. Сакате да побегнете од се, но никако не можете да најдете погоден момент. Можно е во блиска иднина да отпатувате на кратко за да наполните батерии.

Ако палите акумулатор

Ако сонувате како палите акумулатор на сон, тоа е знак дека ќе ви се случат убави нешта на љубовно поле. Можеби ќе запознаете личност за која ќе увидите дека ви одговара од секој агол. Ако сте во подолга врска тоа ќе ви направи проблем, бидејќи поради друга личност ќе „изгубите глава“. Слободните, пак, би можеле на неочекувано место да сретнат личност која потполно ќе ги воодушеви. Наместо да го направите првиот чекор и да се обидете да и се доближите на личноста, вие ќе се двоумите. Стравот од одбивање е интензивиран токму поради фактот дека ќе имате впечаток дека тоа е личноста со која ќе бидете среќни. Имајте ја предвид изреката „ако не ризикуваш, не добиваш“, бидејќи во спротивно би се покајале.

Кога сонувате дека некој друг пали акумулатор, тоа значи дека наскоро ќе се најдете во непријатна ситуација. Ќе одржувте баланс помеѓу две блиски лица во некоја расправа која воопшто не е  пријатна. Од вас се бара да заземете страна.

Ако сонувате акумулатор кој гори тоа значи дека здравјето ви е нарушено. Веројатно веќе подолго време одлагате посета кај лекар или од страв или од негрижа. Иако во главно се чувствувате добро, ќе се појават некои симптоми кои порано не сте ги имале. Немате причина за паника доколку на време побарате совети од лекар. Престанете да си поставувате дијагнози преку интернет и имајте предвид дека покрај сите корисни работи што ги читате, интернет и понатаму е недоверлив медиум, бидејќи секој има право да пишува на него. Затоа, обратете се на стручно лице.

Ако фрлите акумулатор

Ако фрлите акумулатор во отпад на сон, тоа значи дека би можеле да се посрамотите во поголемо друштво или на работа. Недостаток на информации на темата на разговорот ќе ве наведе да кажете нешто што ќе предизвика потсмев меѓу присутните. Затоа внимавајте како зборувате бидејќи помала штета ќе направите доколку молчите.

Ако купувате акумулатор

Кога на сон купувате акумулатор тоа обично ја симболизира вашата желба за позитивна промена. Чувствувате дека предолго време чекате да направите нешто за себе и дека често се жртвувате за други луѓе. Промената зависи искулучиво од вас, па во блиска иднина ќе направите нешто што ќе ве усреќи и внесе во среќен период без многу стрес. Би можеле да ви се случат убави нешта, ако прифатите понуда која ви ја дал некој пријател или познаник.

Ако продавате акумулатор

Ако сонувате дека продавате акумулатор, тоа може да значи дека некој ве озборува. Благодарение на вашите постапки или некој животен успех, сте станале „Трн во око“ на личност од вашето опкружување. Можно е поради суета или завист да се обиде да ви наштети. Сепак, нема простор за грижи, бидејќи неговите зборови немаат тежина и немаат сила да ја нарушат вашата репутација на добра и вредна и чесна личност.

Ако добиете акумулатор за подарок

Ако сонувате дека некој ви подарил акумулатор тоа значи дека помошта од пријателот, познаникот или членот на семејството ќе стигне во моментот кога ќе ви биде најпотребна. Постои шанса дека ќе западнете во неволја, блиската личност знае како да ви помогне.

Ако подарувате акумулатор

Сонот во кој вие некому подарувате акумулатор значи дека некој ќе ве покани на прослава, роденден, крштевање или свадба. Во секој случај повикот ќе ве израдува, бидејќи ќе ги израдувате славениците со вашето присуство. Можеби ќе бидете загрижени поради избор на подарок, бидејќи финансиската состојба не ви е сјајна, но ќе бидете свесни дека драгата личност не ве поканила поради скап подарок, туку дека ќе и биде драго да бидете покрај неа на нејзиниот посебен ден.

Стар акумулатор

Ако сонувате стар и истрошен акумулатор, можно е да се разочарате од личноста која ја сакате. Партнерот ќе ве повреди со некоја изјава или некој член на семејството ненамерно ќе ви нанесе зло.

Нов акумулатор

Кога на сон гледате нов акумулатор, тоа значи дека ќе чуете добра вест. Ќе ве израдува личност од вашето опкружување. Информацијата која ќе ја чуете можеби нема директно да влијае врз вашиот живот, но ќе се радувате поради другите луѓе.

Акумулатор е многу редок сон. Ако во последно време сте купиле, продале или разговарале за акумулатор тоа ви оставило впечаток кој од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за акумулатор

Акумулатор е вид на батерија која ја претвора електричната енергија во хемиска и хемиската енергија во електрична.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg