Актовка

Term Main definition
Актовка

Нова – успех на работа. Стара – деловна стабилност.

Што значи да сонувате актовка?

Кога ќе видите актовка на сон, тоа означува дека вашата работа ќе биде стабилна.Ќе стекнете авторитет со долгогодишно успешно работење и сите ќе сакаат да соработуваат со вас.Ќе уживате во плодовите на вашата чесна работа која ќе стане ваш заштитен знак. Ако имате приватен бизнис, ќе бидете многу ценети во вашата бранша. Ако работите за некого, можно е понекогаш шефот да се обиде да ја обезвредни вашата работа. Сепак нема да обрнувате внимание на тоа бидејќи сте свесни колку вредите и што сте способни да направите.

На работа ќе постапувате одговорно, но без притисок, бидејќи резултатите кои ги постигнувате ви го дозволуваат тоа. Ќе бидете омилени меѓу помладите колеги кои со воодушевување ќе го слушаат секој ваш совет. Можно е повозрасните колеги да бидат малку љубоморни на вашиот успех.

Ако сонувате нова актовка

Кога сонувате нова актовка, значи дека ќе доживеете успех во вашите нови потфати. Ќе донесете одлука да ја промените работата и тоа ќе се покаже како вистинското нешто за вас. На почеток ќе се сомневате, но за брзо време ќе сфатите дека сте ја донеле вистинската одлука. Новата работа ќе ви донесе поголема заработка и попријатно работно опкружување. Ќе одите во канлецарија без тензија која често беше присутна на претходното работно место. Ќе имате подобра комуникација со колегите и шефот, и тие со задоволство ќе ви излегуваат во пресрет кога и да ви затреба нешто.

Ако изгубите актовка

Кога на сон ќе изгубите актовка, тоа значи предупредување од губење на работата. Можно е фирмата во која работите веќе подолго време да работи лошо. Прв показател на оваа ситуација може да биде доцнење на платите. Сите ќе сфатат дека нешто не е во ред и ќе ве посоветуваат да барате друга работа т.ш. ќе имате план Б доколку се случи она на кое се сомневате.

Празна актовка

Ако видите празна актовка, значи дека сте под голем стрес поради можно губење на работа, пари или партнер. Веќе некое време се плашите дека ќе останете без работа. Можеби надредените пред некое време ви го предочиле ова, но вие не сте ги сфатиле сериозно сите предупредувања. Пред да добиете отказ ќе тргнете да барате нова работа, што за среќа ќе вроди плод.
За оние што се во долга врска или брак, сонот симболизира страв од прекинување на врската или развод на бракот. Стравот до некаде е основан со оглед на тоа што неколку пати ја започнувате таа тема. Сепак, разделбата ќе биде привремена, бидејќи ќе сфатите дека не можете да живеете еден без друг.

Актовка со документи

Ако актовката е полна со документи можно е да ве загрижуваат обврски кои ве довеле во незавидна позиција. Чувствувате дека поради работа или некоја конкретна задача ја занемарувате вашата сакана личност, и го ставате вашиот приватен живот во втор план. Потсвеста ви кажува дека мора да го организирате времето за да стигнете сè да завршите, но истовремено, да се посветите и на оние кои ги сакате.

Актовка со пари

Ако сонувате актовка полна со пари, значи дека имате дилема дали да ја задржите сигурноста која сега ја имате во животот, или да се охрабрите да направите некој ризичен чекор кој може или да ви го подобри или во потполност да ви го уништи животот. Ако веќе некое време ве измачува работата и ако сметате дека не сте доволно платени за сè што правите, време е да ја промените вашата позиција или да разговарате со претпоставените. Ако имате сопствен бизнис, размислувате за проширување на бизнисот, но се плашите од неуспех.

Црна актовка

Ако сонувате црна актовка, значи дека ќе запознаете влијателна личност која во иднина може да ви биде од голема помош. Сметате дека е време вашиот труд конечно да биде адекватно награден и ќе се потрудите на таа личност да и се наметнете како добар соговорник и потенцијален соработник. Доколку се покажете во вистинско светло и докажете дека не сте силни само на зборови, можно е да добиете понуда за работа или партнерство во приватен бизнис.

Кафеава актовка

Доколку сонувате актовка во кафева боја, потсвеста ви кажува дека потајно сте заљубени во колега од работа или факултет. Иако не сакате тоа да си го признаете ниту на себе ниту на него/неа, наскоро ќе сфатите дека сè повеќе уживате во негово/нејзино присуство и барате начин да поминувате што повеќе време заедно. Затоа ќе ви биде тешко да ги скриете симпатиите. Сепак, се плашите тие да не ги возвратат вашите емоции, и дека евентуалното признание дека ви се допаѓаат може да го наруши вашиот професионален однос.

Машка актовка

Кога на сон ќе видите машка актовка, значи дека ќе добиете наследство во вид на пари или имот. Веројатно ќе ве изненади фактот дека токму вие сте среќниот добитник, но и понатаму ќе сметате дека тоа е сосема заслужено.

Женска актовка

Доколку сонувате женска актовка, тоа симболизира желба за стекнување на нови знаења. Веројатно ќе одлучите да запишете некој курс или обука со намера да го промените моменталното знаење. Ќе ве поттикнат пријатели кои ве убедуваат дека имате талент за тоа и дека е штета што не сте доволно упорни за да почнете да учите нешто ново. Иако тоа баш и не е ваша особина, инаетот ќе ве натера да се докажете.

Скината / пукната актовка

Ако сонувате скината актовка, значи дека не посветувате доволно време на семејството, партнерот или пријателите. Веројатно тие ќе ви признаат дека се чувствуваат запоставено од ваша страна видејќи премногу време поминувате или во работа или во учење. Тоа ќе ве разочара бидејќи сметате дека не го ценат доволно вашиот труд и не увидуваат дека на тој начин ќе им помогнете и на нив, а не само на себе.

Ако некому подарите актовка

Кога сонувате дека некому сте подариле актовка, значи дека пријатно ќе ве изненадат нечии зборови или дела. Вашите претпоставени, професор од факултет, или личности со авторитет ќе ве пофалат пред голема група луѓе. Тоа ќе ви импонира, но не дозволувајте славата да ви „удри во глава“.

Ако добиете подарок актовка

Доколку сонувате дека некој ви подарува актовка, можно е да откриете некоја тајна. Тоа нема да се случи плански или намерно, туку едноставно ќе се најдете на вистинско место во вистинско време. Таа информација нема многу да ви значи во животот, но може да влијае на животот на личност од вашето опкружување. Потрудете се да не паднете во стапица, и да не нанесете некому штета од глупост.

Дефиниција за актовка

Актовка е чанта во која се чуваат и носат записи и документи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg