Акробат

Term Main definition
Акробат

Сонувате како вие сте акробат: ќе се ослободите од грижи. Ако видите акробат: неочекувана добивка. Ако го видите во циркус: неочекувана парична добивка.

Што значи да сонувате акробат?

Да бидете акробат на сон

Кога сонувате дека сте акробат, тоа значи дека ќе се ослободите од грижи. Во наредниот период ќе сфатите дека без потреба се оптоварувате со нешта кои не можете да ги промените. Ќе увидите дека напразно си ја трошите енергијата. Конечно ќе почнете да уживате во животот. Ако шефот не го цени вашиот труд и работа, ќе го пуштите да види дали може да се снајде без вас. Одлучни сте дека нема да дозволите никој да ве потценува. Ако партнерот сака да ги промените вашите навики и да му се прилагодите, ќе му кажете слободно да побара личност која може да си ја обликува според себе, бидејќи вие не сте ничија марионета.

Ако видите акробат

Кога на сон ќе видите акробат во циркуз, тоа означува финансиска добивка. Ќе имате среќа на љубовен план и кога нешто уложувате, ќе ви се врати повеќеструко. На другите ќе им се чините челични, па едвај ќе чекаат да ве видат, бидејќи каде и да се појавите ќе се случува нешто убаво. Ќе имате успех и во игри на среќа и ќе добиете многу практични работи кои ви се потребни.

Ако сонувате акробат на јаже

Кога сонувате акробат на јаже, тоа значи предупредување дека ќе бидете во опасност. Можно е да сте започнале некој нелегален бизнис и да должите пари на луѓе што припаѓаат на другата страна на законот. Ќе се обидете да се извлечете од таквото опкружување, но нема да биде лесно како што замислувате. Ќе почнете да се плашите за сопствената безбедност како и за безбедноста на луѓето кои поради вас се вмешани во валкани работи. Ќе се трудите да ја скриете вистината од партнерот и семејството се до оној момент кога ќе мора да им признаете.

Доколку разговарате со акробат

Ако неодамна сте разговарале со акробат тоа симболизира недостаток  на слобода.  Ќе посакате да не ве оптоваруваат на работа и дома како до сега. Можно е заминување на пократко патување, кое ќе биде благородно за вашето тело и дух.

Доколку се расправате со акробат

Ако на сон се расправате со акробат тоа значи дека на јаве ќе се расправате со тврдоглава личност. Нема да можете да и докажете дека вашата критика нема зла намера, туку напротив, дека говорите и делувате исклучиво со добра намера. Веројатно ќе се откажете во некој момент бидејќи ќе сфатите дека вашиот труд е залуден.

Ако физички се пресметувате со акробат

Ако физички се пресметувате со акробат на сон, финансиската ситуација нема да ви биде поволна. Веќе подолго време мака мачите со недостаток на пари, а дополнителните трошоци само дополнително ја замрсуваат и онака тешката состојба во која се наоѓате. Бидете претпазливи ако планирате влог во некоја работа, проект или идеја.

Ако се бакнувате со акробат

Ако на сон сонувате каков било интимен однос со акробат, потсвеста ви вели дека често размислувате за личноста која не ви е достапна. Веројатно е зафатена, па таквиот однос би бил грд за обајцата. Од друга страна, можно е дека не би ви го возвратил вниманието, па само ви се присторило дека вниманието кое ви било подарено е флерт.

Доколку видите акробат во празна сала

Ако видите акробат кој вежба во сала без публика, тоа значи дека ви следува период на затишје. Нема да доживеете голем напредок, на за среќа нема да доживеете ниту големи проблеми на деловен и љубовен план. На вас е да ги почекате вашите пет минути. Не би било лошо да се одморите, отпатувате или да посветите време на семејството.

Ако видите акробат во вашиот дом

Ако сонувате како акробат се наоѓа во вашиот дом, тоа значи дека ќе се најдете во многу напната ситуација. Можно е колегите од работа или пријателите да ве вовлечат во разговор кој не ви одговара, па некој од присутните ќе побара да заземете страна. Дополнителен притисок ќе настане бидејќи сте свесни дека што и да кажете може да навреди некој од присутните. Сон во ваков изместен контекст симболизира лоша комуникација со партнерот или некој член на семејството.

Акробат кој паѓа

Ако сонувате акробат кој паѓа неочекувано, тоа е лош знак. Можно е да бидете предадени или разочарани од партнерот или колегите на работа. Освен тоа, акробатот кој паѓа симболизираи голем паричен трошок, па бидете внимателни. Работите поврзани со финансии извршувајте ги со зголемена доза на претпазливост. Ако треба да потпишете некој деловен договор, договор со банка, или купопродажен договор бидете сигурни дека ви е јасен секој напишан збор. Ако сте внимателни нема простор за грижа.

 Акробат со цвет

Ако акробатот на сон носи цвеќе, ќе слушнете лоша вест од познаник. Доколку акробатот е женски пол, тоа е знак на ненадејна позитивна промена во животот. Можно е проблемот што ве мачи конечно да се реши, па ќе запловите во мирен период.

Ако сонувате акробат по заминување од циркуз или гледање на ТВ програма во која се појавуваат акробати, веројатно сте под влијание на виденото. Ако се занимавате со оваа професија сонот не се толкува.

Акробат на трамполина

Кога гледате акробат на трамполина, тоа симболизира некоја промена во вашиот живот. Во иднина ќе се најдете во дилема дали да прифатите понуда од пријател и да промените работно место или град или да не излегувате од комфор зоната. Можно е да се охрабрите и конечно влезете во една нова приказна која најверојатно ќе има позитивен исход.

Акробат со топчиња

Ако сонувате акробат со топчиња тоа значи дека веќе подолго време ве гуши страв. Правите баланс помеѓу членови на семејството, не сакате никого да повредите, но сфаќате дека сите очекуваат да ја разрешите ситуацијата во домот. Потсвеста ви говори дека не е добро за вас да бидете посредник, но немате избор туку да се вклучите во „врзано коло“.

Толкувањето на овие соништа зависи и од контекстот во кој се случуваат, чувствата кои го придружуваат сонот. Луѓето кои вообичаено сонуваат акробат се возбудени, воодушевени или загрижени. Во сите три случаи сонот има позитивно значење.

Возбуда и страв

Ако сонувате личност која прави акробации кои ви создаваат чувство на страв и возбуда, ќе ви се случат големи и добро нешта. Трудот и работата конечно ќе ви се исплатат. Тоа значи и дека ќе воодушевите некоја личност со вашите дела.

Воодушевеност

Ако на сон чувствувате воодушевеност, тоа значи дека ќе слушнете добра вест или ќе сретнете драга личност која долго време не сте ја сретнале.

Дефиниција за акробат

Акробат е личност која изведува гимнастички подвизи во циркус.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg