Huawei официјално ги претстави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година. Во овој период, компанијата оствари приход од 454 милијарди кинески јуани (64,2 милијарди американски долари), што претставува зголемување од 13,1% во однос на истиот период минатата година.