Го тестиравме Samsung S10 Lite: Најдобар во својот ранг, со одлични перформанси и изненадувачка камера
Samsung Galaxy S10 Lite е дефинитивно финансиски подостапна верзија и достојна алтернатива за S10 и S10+, а од компанијата се потрудиле истиот да поседува одлични перформанси и неверојатно добра камера, кои нема да ги добиете од ниту еден друг телефон во овој ранг.
Имавме можност да го тестираме Galaxy S10 Lite и со сигурност да кажеме дека овој модел заслужено ја добива титулата најдобар во својот ранг, со оглед на тоа што ги задоволува потребите на корисникот максимално и нема да ве разочара.
И покрај тоа што во името го поседува додатокот „lite“, всушност телефонот воопшто не е слаб, нуди неверојатни можности и е полн со изненадувања.
Galaxy S10 Lite има чист и едноставен дизајн, со комбинација од пластика и стакло кој компанијата го нарекува glasstic, но иако е едноставен и задниот дел не се прелева како на претходните неколку Samsung телефони, не делува евтино, напротив изгледа одлично.
Galaxy S10 Lite доаѓа во prism црна, prism бела и prism сина боја.
Моделот е доволно тенок и умерено заоблен на задната страна и аглите, што прави совршено да лежи во дланката. Она што е добро е што не се лизга во раката за разлика од други модели, па нема да го држите со страв.
Galaxy S10 Lite има 6.7 инчен Super AMOLED Plus екран, кој овозможува визуелно искуство слично како на моделите од повисок ранг.
Оние што не сакаат заоблени екрани кои продолжуваат кон задната страна на телефонот, ќе го добијат токму тоа со Galaxy S10 Lite, чиј екран е рамен и во многу случаи попрактичен.
Иако не продолжува надолу, Infinity-O дисплејот на S10 Lite е доволно голем и максимално го искористува предниот дел на уредот од крај до крај.
На горниот дел во средина е интегрирана предната камера, има вграден сензор за близина и светлина, како и скенер за отпечаток на прст за отклучување, во долниот дел на екранот, па така нема никакви прекини на екранот.
Реакцијата на скенерот за отпечаток е одлична и ретко се случува да мора да го повторите бидејќи сензорот е многу подобрен.
S10 Lite овозможува приказ со богати бои и контрасти, како што се доловени со HDR10+, а условите на светлина не го менуваат визуелното искуство бидејќи екранот се приспособува.
Телефоните на Samsung никогаш не разочаруваат со дополнителни алатки и опции, па така во страничниот панел, покрај калкулатор и светилка, ќе најдете алатка за мерење на нивото на површината, линијар, компас.
Но, има и алатки за сечење на објекти од сликата што ја гледате на екранот и директно пинување на екранот, што може да го користите како потсетник.
Покрај тоа, има опција сами да си направите гифови, така што алатката сама го пронаоѓа видеото и го снимате делот кој сакате да го доловите, а потоа го уредувате и му додавате текст, па може да си го препраќате со пријателите за забава или да ги користите за други цели зависно од вашата професија и хоби.
И покрај „lite“ додатокот во името, овој модел дефинитивно може да се пофали со одлични перформанси.
Со S10 Lite нема да имате проблеми со кочење на апликациите или немање доволно меморија за фотографии и апликации, со оглед на тоа што доаѓа со голем простор за складирање и брз процесор (2.8GHz, 2.4GHz, 1.7GHz) што овозможува мултитаскинг без проблеми.
S10 Lite доаѓа со голема RAM меморија од 6 GB и 8 GB, како и со капацитет на внатрешна меморија од 128 GB којшто може да се прошири дури до 1 TB.
Моќната батерија од 4.500 mAh овозможува употреба на уредот цел ден со постојана употреба на телефонот на силна светлина, со користење интернет, повеќе апликации и други негови функционалности.
Освен тоа, батеријата е интелигентна и овозможува оптимизација на трошењето врз основа на навиките на корисникот, така што ги затвора апликациите кои не се користат редовно.
Со оглед на тоа што во денешно време секоја минута ни е важна и многумина не сакаат да губат време на долго полнење, Galaxy S10 Lite овозможува супер брзо полнење.
Во кутијата Galaxy S10 Lite доаѓа со полнач и слушалки со C-тип приклучувач.
И покрај тоа што не е како на флегшип моделите, Samsung може да се пофалат со компетитивна камера на S10 Lite моделот, па дефинитивно вреди да се обрне внимание на тоа.
Тешко ќе доживеете подобро камера-искуство со друг телефон од овој ранг, а од компанијата дефинитивно се потрудиле да не се забележат големи разлики.
Главната камера од 48 MP ќе ви овозможи создавање на совршени фотографии со висока резолуција и живописни бои преку ден, но и јасни детали навечер.
Ултрашироката камера со агол од 123° е наменета за пејзажи кои ја доловуваат целата слика која ја гледате пред вас и може буквално да ја доловите на фотографија.
Со помош на Macro камерата може да се доближите до 4cm и да ги доловите деталите кои претходно не сте ги гледале.
Предната камера од 32 MP дефинитивно ќе ви биде од помош за многубројните селфи фотки кои ќе изгледаат совршено и од прв обид без многу поворувања.
Многубројните режими и опции на камерата ќе ви овозможат да го доловите токму она што го сакате, претставено во најдобро издание со силни бои, висок квалитет и јасност, како и да фотографирате со Live Focus и да додадете боке ефект, а потоа да си играте со повеќе опции за уредување.
Независно дали фотографирате на изгрејсонце, зајдисонце, на силна сончева светлина, на вештачка светлина, па дури и во ноќни услови, фотографиите ќе резултираат со висока резолуција и беспрекорна јаснотија, заради што дефинитивно вреди да му се даде шанса.
фотографија (лево) без ноќен режим vs. фотографија (десно) со ноќен режим
Покрај добрите фотографии, нема да ве разочараат ниту видеата направени со овој телефон, кои дури може да ги снимате како професионалец.
Она што посебно се истакнува кај овој модел и вреди да се потенцира е Super Steady OIS технологијата која овозможува стабилизирање и поширок агол на корекција. Со ова, телефонот има многу поголема стабилност како да користите гимбал, а ќе добиете видео со високо квалитетна резолуција, дури и во околина со слаба светлина.
Кога сте во поголемо движење, може дополнително да ја одберете Super Steady опцијата, а со овој режим ќе добиете уште постабилно и мазно движење на снимката.
Покрај Live Focus фотографиите, може да правите и Live Focus видеа, со што имате можност да фокусирате еден објект, а притоа позадината да биде заматена.
Интересно е што овој модел ја поседува и опцијата Zoom-in Mic, што на S10 Lite се карактеризира со 3 микрофони кои ефективно го избираат и нагласуваат звукот во реално време со зумирање.
Кога сакате да нагласите моменти како на пример зборовите на малечките деца, звукот на птиците или другите животни, звукот на брановите кои создаваат посебна магија, зумирајте и доловете го звукот на она што сакате правејќи го посилен од останатите звуци.
Покрај тоа што ќе успеете да снимите профи видеа, многу лесно ќе може и да ги уредувате правејќи ги на уште повисоко ниво како професионалец.
Генерално, Samsung одлично си ја завршиле работата при создавањето на едноставен телефон од среден ранг со добар дизајн, функционален дисплеј, одлични перформанси и изненадувачки добра камера. Дефинитивно вреди да го одберете овој модел кој го нуди најдоброто од сите во својот ранг.