На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)?

Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на ризици. На што мора да обрнете внимание за да не бидете измамени и да не станете мета на хакери и крадци?

online-shopping-01_copy.jpg

Без разлика дали се работи за облека, апарати за домаќинство, декор за вашиот дом, онлајн купувањето значително го олесни начинот на живот.

Во минатото не можеше ниту да се замисли со само неколку кликнувања да го добиете посакуваниот производ до домашна адреса.

Последните неколку години онлајн купувањето е сè повеќе во тренд, а тоа го овозможија интернетот и социјалните мрежи каде може да најдете голем број различни онлајн продавници.

Широката палета на онлајн продавници ви овозможува пред да купите одреден производ, да се информирате за големината, цената, во која боја е достапен, но иако е најпрактично, купувањето онлајн со себе носи и голем број ризици.

onlajn-shopping-02_copy.jpg

Што треба да знаете пред да се одлучите за онлајн-купување?

Пред да нарачате одреден производ, најпрво проверете веб-сајтот на кој е пласиран.

Најлесно е на Гугл да пребарате информации за онлајн продавницата и да ги прочитате препораките.

Доколку не го знаете веб-сајтот и не наоѓате сигурни информации за него, не ризикувајте и не оставајте никакви податоци.

Всушност, секогаш е најбезбедно да нарачувате од добро познати веб-сајтови и онлајн продавници (на брендови кои обично имаат и физички продавници).

Секако, некои брендови имаат само онлајн продавници - во тој случај добро истражете.

onlajn-shopping-03_copy_copy_copy.jpg

Најголем ризик е оставањето на вашите податоци и бројот на картичката на недоверлив веб-сајт.

Доколку интернет прелистувачот ви даде какви било предупредување за веб-сајтот, не оставајте никакви податоци и не нарачувајте од таму.

Никогаш не испраќајте фотографија од картичката или каков било личен документ по мејл (или порака).

Иако многумина сметаат дека порачувањето од компјутер од работното место е безбедно, сепак се препорачува да не се практикуваат купувања од заеднички компјутери бидејќи постои ризик податоците да бидат зачувани па тоа да доведе до злоупотреба и измама.

onlajn-shopping-04_copy.jpg

Доколку сакате да порачате одреден производ од странство, важно е да се информирате за условите и времето на испорака и дали истиот подлежи на царинење.

Користете само една платежна картичка за онлајн купување за во случај нешто да тргне наопаку, да ги отповикате трансакциите само од таа картичка.

Не давајте информации кои би можеле да бидат злоупотребени. Во ниту еден случај не го оставајте вашиот матичен број, ПИН лозинката и други информации во врска со картичката или ваши лични податоци.

Пред да нарачате одреден производ од продавачот побарајте оригинална фотографија како би биле сигурни дека она што го нарачувате е истото кое тие го пласираат.

На веб-сајтови како AliExpress, купувачите сами објавуваат фотографии од производите, па препорачливо е да ги разгледате, заедно со нивните рецензии.

Распрашајте се со кого можете да контактирате во случај на враќање или доцна испорака и осигурајте се дека не би подлежеле на дополнителни трошоци доколку сакате замена на производот.

onlajn-shopping-05_copy_copy.jpg

Многу онлајн продавници може да ве стават во замката за бесплатна достава, но само ако потрошите одредена сума пари.

Споредете го производот со производ од ист вид, но во други продавници и пресметајте дали чини помалку доколку го купите, наместо да ви биде доставен до домашна адреса. Многу често доставата се доплаќа.

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com 

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg