Рецензија на Huawei P40 Pro: Беспрекорна камера која нуди уникатно искуство за аматери и професионалци

Huawei дефинитивно се потрудиле корисниците да не почувствуваат никаков проблем заради недостатокот на Google сервисите. Покрај можноста за клонирање на стариот уред во новиот, одличната замена за Play Store и одлични перформанси, и повеќе од очигледно е дека вложиле многу и во беспрекорна камера.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-01.jpg

При подесувањето на телефонот, препорачливо е најпрво да ја инсталирате апликацијата PhoneClone преку која на лесен и едноставен начин ќе ги префрлите сите податоци и апликации од вашиот претходен телефон, без никаква мака.

Доколку претходниот телефон бил Android, ќе може да ги клонирате сите податоци, фотографии, видеа, фајлови, контакти и апликации (со исклучок на оние на Google), а ако бил iOS, тогаш ќе ги клонирате сите податоци и фајлови, но без апликациите.

https://www.youtube.com/watch?v=6nBG8IhR0bI

Недостатокот на Google сервисите и Play Store, по кратко користење нема воопшто ни да го забележите, а тоа го овозможува Huawei AppGallery што ви нуди речиси подеднакво искуство како Play Store.

Тука може да ги најдете апликациите кои ви се потребни, како глобални, така и локални апликации кои секојдневно ги користите. Доколку некои апликации не се достапни во AppGallery, може да ги пребарате во MoreApps.

Ова е апликација која може да ја инсталирате преку AppGallery и таму да пребарувате други апликации кои ќе ги преземете преку други разни извори.

Поголем дел од нив може да ги преземете преку APKPure, што при самото инсталирање ќе ви биде понудено како опција, но може да бидат понудени и неколку други извори за преземање, само треба да ги следите понудените опции и чекорите.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-02.jpg

Доволно е само еднаш да го испробате процесот и веќе ќе ви стане навика, па без проблеми ќе ги преземате сите потребни апликации на овој начин. 

Како и секогаш, Huawei не разочара со дизајнот на P40 Pro, одличните перформанси кои ќе го направат користењето на истиот совршено и без никакви недостатоци, а очекувано, најголем впечаток остава камерата.

Со брзината и моќта на врвниот чипсет Kirin 990 5G ќе добиете револуционерно искуство и неверојатно подобрени перформанси. Според компанијата, благодарение на технологијата 7nm + EUV и иновативните архитектури на процесорот, HUAWEI P40 Pro постигнува висока ефикасност и флуидност на системот.

P40 Pro доаѓа со осум-јадрен процесор (2x2.86 GHz Cortex-A76 & 2x2.36 GHz Cortex-A76 & 4x1.95 GHz Cortex-A55), а што се однесува до меморијата, 8GB RAM И 256GB внатрешна меморија, па не мора да се грижите за недостатокот на меморија што веројатно претходно сте го искусувале, а со сигурност не треба да ве загрижува моќта и брзината на телефонот додека ги извршувате секојдневните функции, па дури и кога играте игри.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-002.jpg

Камерата пак, е дефинитивно нешто што вреди да се искуси доколку сакате да се чувствувате како професионалец кој држи вистинско богатство во рака.

Со тоа што го имате Huawei P40 Pro во рака, всушност гледате низ објектив на високо квалитетна камера која има многу што да понуди, а во ниту еден аспект нема да ве разочара.

Од компанијата многу имаат работено на севкупниот квалитет на камерата и секоја од нив има подобрен сензор за повисока резолуција и подобрени леќи.

HUAWEI P40 Pro може да се пофали со 45% подобра прецизност во бојата и способност за точна анализа и сегментација на околините и луѓето. Го обновува оригиналниот изглед со одлично осветлување, природна боја и остри детали, кои го прават крајниот резултат беспрекорен.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-003.jpg

Овој уред нуди беспрекорна четворна камера Ultra Vision Leica која се состои од:

1. Главна камера со 50 MP SuperSensing

  • Ultra Vision Sensor од 1/1.28 инчи
  • Низа за филтрирање RYYB боја
  • Автоматски фокус Octa PD

2. 12 MP Телефото Камера

  • Оптички зум од 5x
  • Хибридно зумирање од 10x
  • Максимално зумирање од 50x

3. Филмска камера со широк агол од 40 MP

  • Сензор од 1/1.54 инчи
  • 4K видео со мала светлост
  • Телефото видео
  • Ултра забавено видео
  • Забрзано видео
  • Филмска видео камера со повеќе функции

4. Камера 3D Depth Sensing

  • Откривање на длабочина во реално време
  • Создадете Боке ефекти на професионално ниво

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-04 (1).jpgфотографирано од иста положба

Што се однесува до предната двојна камера, се работи за 32 MP со автоматско фокусирање и камера со IR длабочина, а заедно овозможуваат совршено селфи, со поточна интелигенција на оптимизација на светлината, бојата на кожата и текстури, како и со природни ефекти и боке ефект. Мулти фокусот пак, овозможува совршено групно селфи. За првпат е овозможен автоматски фокус на селфи камерата, а доаѓа со уште една камера која помага за боке селфи.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-03.jpg

Секоја глетка пред вас, камерата на P40 Pro ја пренесува со неверојатна јаснотија, прецизни детали и истакнати бои, независно од околината во која се наоѓате, или условите на светлина кои не менуваат ништо во квалитетот.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-05.jpg

Камерата е функционална и лесно овозможува менување и бирање на различни режими на фотографирање со кои ќе го добиете токму она што го посакувате во различни услови.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-11.jpgфотографирано со Light Painting со опцијата Traffic Trails

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-12.jpgфотографирано со обична камера vs. Light Painting со опцијата Silky Water

Покрај готовите режими кои може да ги одберете како опција, има и Pro режим, кој овозможува за професионалците сами да ги наместат параметрите како што им одговара.

На камерата повторно има Portrait режим и Aperture режим. Со Aperture, може да одберете апертура со ранг од f/0.95 до f/16, а по сликањето може да ја смените апертурата и посакуваната фокусна точка. Со Portrait режимот, може да ја вклучите или исклучите замагленоста на позадината и може да одберете боке форми – кругови, срца, дискови. Може да додадете и симулирано осветлување или ефект на разубавување.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-04.jpg

Dual View режимот овозможува истовремено да сликате две различни перспективи на иста глетка, што може да биде многу корисно во одредени ситуации.

Што се однесува до ноќниот режим, тешко дека ќе добиете подобра слика со друг уред во лошо осветлени услови, со оглед на тоа што објектите се јасни и прецизни до најмал детаљ, а тие неколку секунди што се чекаат, дефинитивно вредат за резултатот.

Ноќниот режим овозможува осветлување целосно на фотографијата, ги подобрува деталите, ги коригира боите и резултатот е извонреден.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-09.jpgфотографирано лево без ноќен режим vs. со ноќен режим

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-10.jpg

Зумот функционира одлично со беспрекорна јаснотија дури и во вечерни услови, а со помош на зумот на камерата може да видите детали кои со голо око во реалноста не се забележителни од истата оддалеченост. Зумот на камерата на овој уред ве носи во нови димензии.

Дизајнот на перископот SuperZoom е познат по тоа што вметнува неколку леќи во компактното тело. Така што, можете да ги видите работите јасно од токму пред вашите очи до некаде надвор од видикот. Иновативниот сензор RYYB овозможува 40%  повеќе светлина за голема јасност дури и при слаба осветленост.

И подобрениот AIS plus OIS обезбедуваат незаменлива изведба на зумирање до 50x, па така веќе не мора вие да се приближите за да видите нешто, тоа го прави камерата за вас и невидливите букви и знаци со неа стануваат јасни. 

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-06.jpgфотографирано со ноќен режим и зум

AI софвтерот нуди најдобри резултати, ловејќи ја сцената која ја имате пред вас и овозможувајќи да ја добиете најдобрата слика зависно од околината во која ја поставувате камерата.

Со помош на вештачка интелигенција, камерата може да ја детектира сцената и да прави приспособувања, но може да ви помогне и во многу различни ситуации, како што на пример постои опција со камерата директно да скенирате QR код, да наоѓате на интернет слични работи како она што ќе го уловите на слика или директно да вршите превод.

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-07.jpg

Не постои нешто што не може да го доловите со камерата на P40 Pro независно дали станува збор за фотографија или снимка.

Во секакви услови, дневни или вечерни, на отворено или затворено, со стабилно држење или во движење, резултатот ќе биде беспрекорен без ниту еден недостаток.

Професионалната филмска камера со широк агол од 40 MP со иновативната 16-во-1 технологија за фузирање и сензорот RYYB ќе ви овозможи да добиете филмски видеа со висок квалитет, кои може да ги користите и за професионални цели. 

Камерата на овој уред нуди многу филмски карактеристики, а одлично е тоа што можете да снимате 4K видеа со висока резолуција и со задната и со предната камера.

Независно каков режим на снимање ќе одберете, ќе добиете стабилна снимка независно дали сте во фиксна положба или во движење, а резултатот ќе биде незаменлив. 

recenzija-na-huawei-p40-pro-besprekorna-kamera-koja-nudi-unikatno-iskustvo-za-amateri-i-profesionalci-08.jpg

Дефинитивно, Huawei P40 Pro е телефонот кој ви овозможува најдобри перформанси и камера, за што вреди да се инвестира. 

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg