На 26 март 2020 година, на официјалната онлајн премиера заедно со новата серија P40, Huawei Consumer Business Group (CBG) го претстави и новиот додаток во портфолиото Watch GT 2 - HUAWEI WATCH GT 2e. Наменет да инспирира поактивен животен стил, новиот паметен часовник содржи 100 различни режими за тренинг, вклучително традиционални и понапредни спортски методи.