Две содржини на еден екран и уште 10 причини зошто секој ќе посака Samsung QLED 8K телевизор

27.02.2020 08:16

Дали и вие се нервирате кога некој во кујна ќе одлучи да ги размрда сите садови додека вие гледате филм или клучен спортски натпревар?

dve-sodrzhini-na-eden-ekran-i-ushte-10-prichini-zoshto-sekoj-kje-posaka-samsung-qled-8k-televizor-01.jpg

Или можеби, не може да поднесете кога имате еден телевизор, а не може да се договорите кој што ќе гледа?

Сигурно ви оди на нерви и кога светлината ќе ви го затемни екранот, па сликата од филмовите и сериите е уште потемна.

Додека едни можеби не го ни вклучуваат телевизорот, други се целосно опседнати со телевизорот во домот и сакаат истиот да ги има најдобрите карактеристики со цел да овозможи совршено искуство за користење.

Технологијата оди напред, а Samsung не застанува и постојано се обидува да ги задоволи корисниците, и кога станува збор за телевизорот, со користење на опции поддржани со вештачка интелигенција, 8К технологија и многу други карактеристики, ги воодушевуваат корисниците.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k002.jpg

Во февруари, Samsung ја претстави новата QLED 8K линија за 2020-та на европскиот пазар, а Samsung flagship Q950TS QLED 8K телевизорот е уредот кој секој ќе посака да го има дома.

Ако се пронајдовте во сите овие работи и плус сте обожавател на нова технологија, но и љубител на добри дизајни, продолжете да ги читате причините зошто треба да го одберете Samsung flagship телевизорот Q950TS QLED 8K.

1. Беспрекорен дизајн со Infinity екран за целосно визуелно искуство.

Ако сте од оние личности кои не можат да ја поднесат страничната рамка на телевизорите и сакате да уживате во целосен екран, овој телевизор е идеален за вас.

Рамката е сведена на минимум и само 1% од екранот е прекриен со неа, па ќе може да уживате во 99% од екранот кој ќе биде резервиран за содржината која вие ќе ја одберете. Елеганција и визуелно единство – има ли подобра комбинација?

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-15.jpg

QLED телевизорите исто така изгледаат беспрекорно дури и кога не ги користите за гледање телевизија или друга содржина, а може совршено да се вклопат во вашиот ентериер со позадина која вие ќе ја одберете, па дури и ќе изгледаат како уметничко дело.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-03.jpg

2. Елеганција и уредност за сите оние кои не можат да поднесат кабли околу телевизорот.

Со One Connect box може да заборавите на кабли наврткани околу телевизорот кои ја уништуваат естетиката. Екранот е поврзан со еден речиси невидлив оптички кабел, а сите други конекции се прикачени за оваа паметна кутија.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-18.jpg

3. Ќе уживате во совршено квалитетна слика што и да гледате.

Овој телевизор е опремен е со AI Quantum 8K процесор, кој нуди премиум 8K квалитет на сликата и има способност за креирање на 8К слика користејќи вештачка интелигенција и длабинско машинско учење.

Со оваа опција, секоја содржина со послаб квалитет може да биде претворена во 8К резолуција, па нема да мора повеќе да го мачите вашето око со неквалитетни слики.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-04.pngФото: Извор

4. Има опција за приспособливо осветлување, што дополнително ќе го подобри искуството.

Зависно од просторијата каде што е сместен овој телевизор, преку Adaptive Picture се анализира светлината како и содржината на екранот, па истиот овозможува приспособливо осветлување, кое ја зголемува или намалува светлината зависно од условите и околностите, односно дали гледате во светла или темна просторија.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-12.jpg

5. Ако сте „зависници“ и од телефон, па честопати ја пропуштате содржината на телевизорот – Samsung има решение.

Знаеме колку може за некого да биде тешко да се одвои од телефонот, дури и додека гледа нешто важно на телевизија. Преку опцијата Multi-View, овој телевизор овозможува да ја пренесете содржината од мобилниот телефон на телевизорот, додека истовремено гледате нешто друго на телевизорот.

Па така, може истовремено да следите еден спортски натпревар и плус од страна да ги следите резултатите од другите натпревари, да пратите Твитер дискусија, или можеби, да гледате филм, а истовремено да пренесете спортски натпревар од телефонот. Така веројатно ќе има помалку „кавги“ околу тоа што да се гледа и кој колку гледа во телевизорот, а колку во телефонот.

Она што е уште подобро е што имате опција да одберете 14 различни начини како да ви бидат прикажани двете работи истовремено на телевизорот.

Со опцијата Tap View пак, пренесувањето на содржината од мобилниот на телевизорот е многу полесна и може да се овозможи само преку допир на двата уреди.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-10.jpg

6. Беспрекорен звучен систем за оние кои сакаат да уживаат во квалитетен звук и во целокупно искуство.

Интеграцијата на звучниците е речиси невидлива, добро е сокриена на надворешната страна на аглите и задниот дел од уредот. Квалитетот на звукот е импресивен, а има и систем кој преку алгоритам со вештачка интелигенција го прати движењето на објектите и го проследува со звук.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-06.jpg

7. Нема да се мачите да слушнете што се зборува во омилениот филм/серија додека некој друг во околината ви прави врева.

Сигурно не може да поднесете кога некој ќе реши дека треба да чисти, да превртува садови или да разговара на телефон, додека гледате филм или нешто каде што звукот на снимката која ја гледате не е толку силен, иако звукот од телевизорот е попуштен до крај.

Со овој телевизор постои решение и за тоа, преку Active Voice Amplifier кој ја детектира вревата во просторијата и го елиминира шумот во позадина, односно автоматски ја приспособува јаснотијата на гласовите во дијалозите.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-07.jpgФото: Извор

8. Физичката активност и резултатите може да ги прати цело семејство од телевизорот.

Корисниците на овој телевизор ќе имаат пристап до Samsung Health, па освен од телефонот, ќе можете и на телевизор да ја следите состојбата и напредокот на вашите физички активности и здравствени секојдневни навики.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-08.jpgФото: Извор

9. Покрај телевизиски канали, има огромен избор на платформи и содржина за гледање.

На Samsung телевизорите, корисниците имаат можност да уживаат во содржината од различни сервиси и платформи, како Netflix, YouTube, Disney+ и слично.

Со оглед на тоа што за некого може да биде многу тежок изборот за што да се одлучи, наместо да поминувате часови во пребарување, овие телевизори ви нудат препораки базирани на вашите навики за гледање на одредени содржини. Сега сѐ е полесно, нели?

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-09.jpgФото: Извор

10. Гејмерите исто така не се заборавени и имаат многу добри опции.

За оние кои обожаваат да поминуваат часови играјќи различни видео игри, Samsung нуди одлични опции и можности. Компанијата се обидува да им понуди добро искуство на гејмерите, па гарантира дека дури и после долго играње, не може да дојде до проблеми со сликата и „прегорување“ на екранот.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-17.jpgФото: Извор

Покрај тоа, овозможено е и multi-view опција, што дозволува да играте и истовремено да гледате видеа поврзани со играта и слично, на истиот екран. Исто така, овој телевизор има нов сараунд режим, што е дизајниран за да ги нагласи звучните ефекти во играта, а движењата се подобрени за 40%.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-11.jpg

11. Подобрени гласовни можности за оние кои сакаат да живеат на полесниот начин.

Корисниците на овој телевизор можат да одберат кои од гласовните асистенти Amazon Alexa, Google Assistant и Bixby, ќе им понуди полесен пристап до вести, временска прогноза или други содржини за кои се заинтересирани.

prichini-zoshto-da-odberete-samsung-flagship-televizor-q950ts-qled-8k-13.jpg

За повеќе информации за Samsung телевизорите посетете ја www.samsung.com.

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg