Совети и трикови за зачувување на интимноста во светот на смартфоните
Благодарение на постојаната еволуција на технологијата, луѓето сега се поврзани како никогаш досега.
Од компјутери, преку смартфони и гаџети, па сè до социјални мрежи – сè ни е на дофат во секое време, без разлика на физичката далечина. А сепак, имаме чувство дека сме толку многу оддалечени, особено кога се работи за романтичните врски. Технологијата е благодaт, доколку се користи паметно, но може да се претвори и во опсесија.
Ако сакате да ја зачувате интимноста, некои навики мора да се променат.
Одговорот што го барате се наоѓа во вашите раце. Пробајте ги овие едноставни совети кои ќе ве подучат како да извлечете најголема корист од смартфонот, а притоа да не се заборавите себеси или вашиот партнер со прекумерна употреба.
Silent Mode – помалку деконцентриран, повеќе конектиран
Android: Дисконектирајте се за миг од сите звуци на смартфонот. Ставете го Вашиот телефон на Silent преку притискање и задржување на копчето за намалување на звукот. Или пак, кликнете ја иконата на вашиот дисплеј додека не го покаже сигналот за деактивиран звук.
iOS: Вклучете ‘silent mode’ преку ‘Ring/Silent’ копчето на левата горна страна на телефонот. Откако ќе се појави портокалова боја, вашиот iPhone нема да пушта звуци при одредени нотификации. Можете да ја вклучите оваа опција и преку звучните копчиња: Одете во „Settings“ , „Sound & Haptics“ и дозволете Change with Buttons.
Вклучениот екран ја гасне мечтата на партнерот
Android: Време е да се активираат овиe три некажани зборови: „Do.Not.Disturb“. Влезетe во „Setting“, па „Sounds“, активирајте го овој режим, оставете го телефонот и уживајте во магијата. Или пак, едноставно слајднете го горниот дел од дисплејот на смартфонот и отворете го брзото мени и селектирајте ја „Do not disturb“ иконата.
iOS: Активирајте преку „Settings“ „Do Not Disturb“ или за уште побрзо активирање, вклучете ја иконата со месечина во Контролниот центар.
Организирана забава води кон магија без телефон
Android: Распоредите не се секогаш здодевни, особено кога вклучуваат време поминато со Вашиот партнер. Пробајте го овој трик: Отворете „Do not Disturb“ во „Settings“ „Sounds“. Одберете денови и закажете термин со партнерот во кој телефонот нема да Ве вознемирува со повици и нотификации.
iOS: а) iOS 11: „Settings“, „Do not Disturb“ и вклучете „Scheduled“. Тогаш нагодете време кога сакате вашиот телефон да не ве известува за повици и нотификации; б) iOS 12: Отворете го контролниот центар и одберете една од опциите „For 1 hour“, „Until tomorrow morning“ или „Until I leave this location“’, или пак, закажете време кога сакате да не добивате повици и нотификации.
Во итни случаи...
Android: Нагодете ги условите за стишување на вашиот телефон преку опцијата „Do not Disturb, Allow exceptions“. Креирајте лични правила за дојдовни повици и пораки од одредени контакти: на пр., дозволи дојдовни повици додека е активирано „Do not Disturb“ кои се повторени од истиот број повеќе од еднаш во рок од 15 минути.
iOS: а) „Settings“ , „Do not disturb“ и дозволете повици од вашите омилени контакти или специфична група на контакти меморирана на телефонот или на iCloud; или пак, вклучете го „Repeated Calls“: во случај некој да Ви ѕвони два пати во рок од три минути, вториот повик нема да биде стишен.