Samsung ја лансираше новата линијa Wind-FreeTM клима уреди на база на вештачка интелигенција
Линијата е достапна во пет различни верзии од кои три вклучуваат уникатна Samsung Wind-Free™ технологија на ладење, унапредена со интелигентна технологија
Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. и официјално ја лансираше потполно новата линија на ѕидни клима уреди со R32 разладно средство на новата генерација, уникатна Wind-Free™ технологија на ладење и нови опции за паметно управување со уредите.
„Новата линија на уреди ја потврдуваат доследноста на компанијата Samsung во претставување на водечки производи за ладење и греење, со препознатлив дизајн и интелигентни опции кои го олеснуваат секојдневниот живот,“ изјави Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и кориснички услуги во SEACE[1]. „Новата понуда на клима уреди за 2020 година им нуди на корисниците уште подобро искуство и поголем комфор во затворен простор, како и зголемена енергетска ефикасност благодарение на напредната Wind-Free™ технологија на ладење и новиот Digital Inverter Boost компресор.“
Wind-FreeTM технологија на ладење
Samsung во 2017 година ги претстави првите ѕидни клима уреди со Wind-Free™ технологија, која подразбира ладење во три чекори. Во првиот чекор во режимот за брзо ладење температурата брзо се намалува, а потоа се вклучува опцијата за намалување на влажноста на воздухот. Во третиот чекор, после постигнувањето на посакуваната температура, се активира Wind-Free™ режимот кој го одржува посакуваниот интензитет на ладење и пружа пријатен престој во просторијата.
Во Wind-Free™ режимот, свежиот воздух полека и рамномерно излегува низ илјадниците микро- дупчиња, креирајќи чувство на „мирен воздух“[2], и идеална атмосфера за работа или одмор, без непријатно дување од клима уредот.
Паметно работење
Новите ѕидни клима уреди ја оптимизираат постапката на ладење. Со помош на функцијата за автоматско прилагодување на комфорот преку вештачка интелигенција (AI Auto Comfort) на корисниците им овозможи ефикасно користење на клима уредите. AI Auto Comfort ги анализира условите во просторијата, посакуваната температура и начинот на ладење, како и надворешната клима, сé со цел автоматски да го одбере најсоодветниот режим за работа на уредот.
Преку апликацијата Samsung SmartThings 2 овие уреди можат да се контролираат и од далечина. На тој начин се овозможува вклучување и исклучување на единиците, бирање на посакуваниот начин за ладење, закажување на одредени активности и следење на потрошната електрична енергија – со еден допир. Додатно, благодарение на Bixby, апликацијата на Samsung за управување со глас, корисниците преку својот паметен телефон можат едноставно да ѝ кажат на климата како сакаат да работи.
Поголема енергетска ефикасност
Новата генерација го користи иновативниот енергетски ефикасен компресор на Samsung, Digital Inverter Boost, кој овозможува одржување на посакуваната температура, без често вклучување и исклучување на уредот, што како резултат има помала потрошувачка на енергетска енергија.
Покрај тоа, уредот има вграден сензор за откривање на движења (MDS) кој ги следи движењата на корисниците и детектира кога нема никој во просторијата, па автоматски го менува подесувањето на клима уредот и го префрлува на standby режим. Уредот Wind-Free™ Elite доаѓа со најдобри преформанси во оваа серија и има A+++ ознака за енергетски степен, во поглед на коеифициентот на сезонска ефикасност за греење (SCOP) и ладење (SEER), што е највисока енергетска оцена во Европа. [3]
Понуда на производи
Новата ѕидна линија на клима уреди со разладно средство R32 е достапна од првото тромесечие од 2020 година со верзиите Split (RAC) и Multi Split (FJM).
Понуда на производи, верзија RAC
Капацитет (Надворешна единица) |
Wind-FreeTM Elite |
Wind-FreeTM Avant |
Wind-FreeTM Comfort |
Cebu |
Luzon |
2,5 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
3,5 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
5,2 kW |
• |
• |
• |
• |
|
6,8 kW |
• |
• |
• |
• |
Понуда на производи, верзија FJM
Капацитет (Надворешна единица) |
Wind-FreeTM Elite |
Wind-FreeTM Avant |
Wind-FreeTM Comfort |
Cebu |
Luzon |
2,0 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
2,5 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
3,5 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
5,2 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
6,8 kW |
• |
• |
• |
• |
• |
Преглед на опции за споредба
Wind-FreeTM Elite |
Wind-FreeTM Avant |
Wind-FreeTM Comfort |
Cebu |
Luzon |
|
Режим на ладење Wind-FreeTM |
• |
• |
• |
||
Режим на брзо ладење |
• |
• |
• |
• |
• |
Безжично (Wi-Fi) управување (SmartThings) |
• |
• |
• |
• |
|
Гласовно управување по пат на апликација Bixby |
• |
• |
• |
• |
|
AI Auto Comfort |
• |
• |
• |
• |
|
Tri-Care Filter |
• |
• |
|||
Easy Filter Plus |
• |
• |
• |
• |
• |
Сензор за детектирање движења |
• |
||||
Комуникациски протокол NASA |
• |
• |
• |
• |
• |
Компресор со технологија Digital Inverter Boost |
• |
• |
• |
• |
• |
Разладно средство R32 |
• |
• |
• |
• |
• |
Енергетска ознака (SEER/SCOP) |
A+++ / A+++ |
A++ / A++ |
A++ / A+ |
A++ / A+ |
A++ / A+ |
Сертификат Eurovent |
• |
• |
• |
• |
• |
[1] Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V.
[2] ASHARE (Американско друштво на инженери за греење, ладење и климатизација) го дефинира „смирувачкиот воздух“ како струеење на воздухот побавно од 0,15 m/s без непријатно чувствување на провев.
[3] Степенот на енергетска ефикасност А+++ се однесува на 9k BTU капацитетот на уредот во склад со класифицирањето на ознаката ЕУ бр. 626/2011 (група производи 10) iод 2019., на ранг од Д до А