Во близина на Хирошима, покрај крајбрежјето на јапонското море Сето, се наоѓа остров Ицукушима, мал остров од големо значење за јапонската историја и култура. Ицукушима е најважното шинто светилиште во тој дел на Јапонија. На островот се наоѓа и планината Мисен, на која и се поклонува уште од античко време. Почитувањето на духовите на природата, што живееле таму, било толку големо што пристапот до островот бил дозволен само на свештениците. Зошто е толку посебно ова место?