Стереотипи за Русија - факти наспроти шпекулации
- Детали
- недела, 24 март 2019
Живееме во време преплавено од стереотипи и митови во кои секојдневно веруваме. На што и да помислиме, ќе најдеме дузина верзии, кои се сѐ, само не вистинити.
На пример, со години наназад за Русија сме преплавени со погрешни информации во кои слепо веруваме.
Дел од нив:
1. Иван не е најпознатото машко име во Русија, како што многумина мислат. Од 2010 до 2016 година е рангирано на шесто место, а на првите три се наоѓаат: Александар, Сергеј и Дмитри.
2. Кога и да се спомене ушанка, веднаш замислуваме дека сите Руси ги носат и до ден денес. Но, тоа повеќе не е таа. Ушанка била позната за време на Советски сојуз.
3. Често ќе налетаме на тврдењето дека сите Руси се комунисти. Идеологијата од времето на Советскиот сојуз денеска е популарна кај постарата генерација, но тоа не е случај со младите, кои веруваат во сосема други идеологии.
4. Дека во Русија е цело време зима и дека константно паѓа снег повторно е погрешна информација. Русија има неколку климатски зони, каде температурата се движи од -41 во Јакутск до +41 во Астрахан. Можеби зимите траат околу пет до шест месеци, но затоа летата се навистина жешки, па дури и во Сибир.
5. Ако мислевте дека мечките сѐ уште шетаат низ улици, грешка сте. Можат да се појават во напуштени села, но ако се појават некаде каде има луѓе, веднаш се стрелани од полицијата.
6. Русите пијат многу водка. Ова ни е познато на сите, но иако Русите се наоѓаат на шесто место како нација што консумира алкохол, сепак вотката не им се секогаш на прво место. Можеби во посебни пригоди. А, има и такви кои воопшто не пијат водка.
7. Точно е дека во Русија има ужасен сообраќаен метеж. Посебно во Москва, понекогаш можеш да патуваш со часови од дома до работно место.
8. И како за крај, голем број на луѓе сметаат дека Русија е опасна за патување. Ова можеби ќе ви звучи чудно, но таа е една од најбезбедните држави во светот. Оставете ги настрана филмовите, и доживејте ја Русија на вистински начин.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело