Готвење со малку пари, отплаќање на кредит: Училиште дава часови „како да се справите со животот“

Како да смените гума или да работите со вашите кредитни картички, ова и многу повеќе за справување со реалниот живот се учи во едно училиште во САД.

gotvenje-so-malku-pari-otplakjanje-na-kredit-uchilishte-dava-chasovi-kako-da-se-spravite-so-zhivotot-001.jpg

На училиште учиме јазици, математика, историја, биологија, физика и што уште не, но колку од тоа потоа ни е корисно во секојдневниот живот?

Кога учениците завршуваат со училиште дали се подготвени за соочување со реалниот живот и сите предизвици што ги носи тој?

gotvenje-so-malku-pari-otplakjanje-na-kredit-uchilishte-dava-chasovi-kako-da-se-spravite-so-zhivotot-002.jpg

Училиштето Bullitt Central High School во Кентаки, САД посвети ден на учење на учениците како да променат гума, како да приготват оброци за малку пари, како да напишат добро CV и како да се справат со финансиите.

Тие добиваат лекции како да ги користат кредитните картички и да водат сметката за каматата на својот кредит. Дури и полицаец им држи предавање како се постапува кога ве сопира сообраќаец за да провери дали сте консумирале алкохол.

gotvenje-so-malku-pari-otplakjanje-na-kredit-uchilishte-dava-chasovi-kako-da-se-spravite-so-zhivotot-003.jpg

Овие информации се витални во животот и вакви предавања треба да се спроведуваат во сите училишта низ светот, а и кај нас.

Тешките ситуации од животот со ваква подготовка дефинитивно ќе бидат полесни.

gotvenje-so-malku-pari-otplakjanje-na-kredit-uchilishte-dava-chasovi-kako-da-se-spravite-so-zhivotot-004.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg