„Заспаната убавица“ - девојка некогаш спие и по неколку седмици

„Животот се одвива додека јас спијам. Ме прави тажна кога ќе се разбудам и ќе сфатам дека сум пропуштила цела седмица од мојот живот...“

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-01.jpg

Сите сакаме добар и долг сон, но можете ли да замислите да спиете по неколку седмици?

Ова е реалност за Рода Родригез Дијаз, која е позната по тоа што спие и по 22 часа на ден, само будејќи се во некој вид на транс за да јаде, да се напие нешто и да појде до тоалет.

Оваа ретка состојба е позната како Синдромот на заспаната убавица која предизвикува 21-годишната студентка да спие понекогаш со седмици и да го преспие полагањето на испитите и други важни настани од нејзиниот живот.

Рода, која студира психологија, вели:

„Животот се одвива додека јас спијам. Ме прави тажна кога ќе се разбудам и ќе сфатам дека сум пропуштила цела седмица од мојот живот. Пропуштам многу, тоа е најтешкиот дел од сè. Тешко ми е да им објаснам на луѓето кај сум била затоа што реткост е некој да може да сфати со што се соочувам“.

Уште на 15, 16 години таа почнала да спие сè повеќе и повеќе и ѝ било претешко да оди на училиште, константно била преморена ментално и тогаш докторите ѝ ја поставиле дијагнозата.

„Откако ќе отспијам долгометражно моето расположение се враќа во нормала, пријателите го забележуваат тоа“, вели Рода.

Заспаната убавица:

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-06.jpg

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-05.jpg

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-04.jpg

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-03.jpg

zaspanata-ubavica-devojka-nekogash-spie-i-po-nekolku-sedmici-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg