Зошто Швајцарија има најдобар здравствен систем во светот?

Швајцарија има многу работи со кои може да се пофали - часовниците, чоколадата, банките но и својот неверојатен здравствен систем.

zoshto-shvajcarija-ima-najdobar-zdravstven-sistem-vo-svetot-01.jpg

Покрај нејзиниот речиси совршен рејтинг за економска и политичка стабилност, таа има и одлично здравство. Ова е можеби објаснувањето за длабоката старост што Швајцарците ја доживуваат (83 години во просек), надминувајќи ги САД за речиси 4 години.

Основното право што го овозможува основниот пакет на здравствено осигурување во Швајцарија е достапна медицинска помош за секој кој живее во државата.

Здравственото осигурување е инаку задолжително за сите граѓани и тоа е регулирано со закон.

Што ја прави Швајцарија посебна:

  • Владата го покрива задолжителното здравствено осигурување за оние кои имаат ниски примања.

  • Пациентите имаат директен пристап до сите типови нега без упати.

  • Здравственото осигурување им овозможува на пациентите сами да го изберат својот лекар.

  • Времето на чекање е минимално.

  • Породилното отсуство е одлично: вклучува преднатална грижа, трошоци за породување, една недела престој во болница, како и постнатални посети од обучено лице.

zoshto-shvajcarija-ima-najdobar-zdravstven-sistem-vo-svetot-03.jpg

Но, не е сè така розово, овој систем има и неколку маани:

  • Цената на здравственото осигурување расте побрзо од платите, па луѓето од средна или ниска класа мора да одделат голем дел од своите приходи за да си овозможат здравствена заштита.

  • Швајцарската потрошувачка кога се работи за здравје е многу висока во споредба со други европски земји.

Zosto Svajcarija go ima najdobriot zdravstven sistem na svetot 01

Недостатоците се незабележителни кога имате чист воздух, минимален стрес и многу активности - во тој случај веројатно и нема да ви затреба здравственото осигурување.

zoshto-shvajcarija-ima-najdobar-zdravstven-sistem-vo-svetot002.jpg

А. Ш. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Ја уби бремената девојка на пренос во живо, доби само 6 години затвор – Каде е денес Станислав Решет... Во 2020-та година, светската јавност беше згрозена кога неговото видео во кое ја...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg