Пресуда 2 дена затвор за девојката која ја турна другарка си од 18 метри висок мост
- Детали
- четврток, 28 март 2019
Немилиот настан кој го обиколи светот лани е поука за сите млади како од игра може да дојде до сериозни последици.
Летото 2018 година светот го обиколи приказната за 16-годишната тинејџерка Џордан Холгерсон која беше турната од 18 метри висок мост во Вашингтон од страна на нејзината 18-годишна пријателка Тејлор Смит.
По падот Џордан се соочи со 6 скршени ребра, повреда на белодробните крила, на вратот и модринки по целото тело. Инцидентот беше снимен на камера и вирално се прошири.
Имаше судски процес и конечно е донесена одлука. На Тејлор Смит ѝ се пресудени 2 дена затвор, а таа со солзи во очите излезе од судницата во Ванкувер.
Сега Тејлор има 19 години и во текот на процесот својата изјава ја измени од невина во виновна и беше обвинета за загрозување од невнимателност.
Таа ќе мине само 48 часа во затвор, а потоа ќе мине 38 дена во општествено корисна неплатена работа.
На крајот Смит покажа каење за своето дело и дека жали за тоа што ѝ го сторила на другарка ѝ.
Жртвата Џордан за време на судењето изјави дека падот ѝ го променил животот на полошо, а нејзината мајка задолжително бараше затворска казна за Смит за настанот да биде поука за сите.
Потсетете се на настанот ТУКА!
С. С. | Црнобело