Приказната за девојката која ја турна другарка си од 18 метри висок мост: Парична казна и 364 дена затвор

Настанот од Вашингтон предизвика поделени мислења кај луѓето ширум светот. Дали една година затвор сепак е премногу за ова дело?

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-01.jpg

16-годишната тинејџерка Џордан Холгерсон беше турната од 18 метри висок мост во Вашингтон од страна на нејзината 18-годишна пријателка Тејлор Смит на 7-ми август. По падот Џордан се соочи со 6 скршени ребра, повреда на белодробните крила, на вратот и модринки по целото тело. Инцидентот беше снимен на камера и вирално се прошири. Сега, Тејлор може да се соочи со казна затвор од речиси една година за ова непромислено однесување.

Мостот Moulton Falls Bridge, висок 18 метри, е познат како туристичка атракција и многу луѓе во потрага по адреналин скокаат од него, иако стои знак дека е забрането.

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-03.jpg

Џордан Холгерсон отишла таму со пријателите, но долго не можела да собере храброст да скокне од мостот и тогаш нејзината другарка Тејлор Смит ненадејно ја турнала. Неподготвена за падот Тејлор имала лошо слетување како на бетон, доживеала низа повреди и била директно пренесена во болница.

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-04.jpg

Иако, на почетокот Џордан не сакаше да ја обвини својата долгогодишна пријателка, мајката на Џордан излезе со изјава дека сака санкции затоа што Тејлор можела да ја убие нејзината ќерка.

Една седмица по настанот и Џордан го промени мислењето и, иако на почетокот ги прифаќала извинувањата на Тејлор на социјалните мрежи и преку СМС пораки, го прекинала контактот со неа и сега бара судска разрешница.

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-02.jpg

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-05.jpeg

Тејлор е обвинета за „reckless endangerment“ (загрозување од невнимателност) и може да се соочи со казна од максимум 364 дена во затвор и парична казна од 5.000 долари.

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-08.jpg

Во едно интервју Тејлор изјави дека се кае што нанела физичка и емоционална траума врз нејзината пријателка, но дека е подготвена да се соочи со последиците од нејзиното дело. Таа вели дека Џордан самата ја терала да ја турне од мостот затоа што немала храброст да скокне, а сакала. Но, на видеото овој момент не е снимен, туку само изјавите на Џордан како сѐ уште не е подготвена за скок.

Тејлор вели дека се обидела да ја посети Џордан во болница, но не ѝ било дозволено. Открива дека најголема желба ѝ е Џордан да закрепне од физичката, но и емоционалната траума и се надева дека еден ден повторно ќе бидат пријателки.

devojka-ja-turna-drugarka-si-od-18-metri-visok-most-i-moze-da-se-soochi-so-364-dena-zatvor-07.jpg

Џордан е отпуштена од болница и сега е на домашно лекување. Вели дека сака нејзината пријателка да поседи во затвор за да размисли за стореното.

Што мислите вие? Дали една година затвор сепак е премногу за еден ваков непромислен потег на тинејџерка која немала цел да нанесе повреда или пак е добро освестување за младите малку повеќе да размислуваат за своите постапки и за тоа колку страшни може да бидат последиците од нив?

Видеото од инцидентот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg