Светиот остров Ицукушима - место каде што никој не се раѓа и никој не умира
- Детали
- недела, 24 март 2019
Во близина на Хирошима, покрај крајбрежјето на јапонското море Сето, се наоѓа остров Ицукушима, мал остров од големо значење за јапонската историја и култура. Ицукушима е најважното шинто светилиште во тој дел на Јапонија.
На островот се наоѓа и планината Мисен, на која и се поклонува уште од античко време. Почитувањето на духовите на природата, што живееле таму, било толку големо што пристапот до островот бил дозволен само на свештениците.
Зошто е толку посебно ова место?
Светилштето е основано од Saeki-no-Kuramoto, членот на тогашното моќно семејство Саеки, во 593 година. Посветено е на трите божици на морето и ќерките на богот на ветерот кои се викале Ичикишима, Тагори и Тагицу.
Главната зграда на светилиштето се состои од неколку меѓусебно поврзани сали. Пред нив, свртен кон морето, се наоѓа церемонијален подиум каде се изведувале танци. Низ целиот остров постојат многу помали светилишта и церемонијални простори.
До самиот врв на планината Мисен се наоѓа салата Реикадо, каде што веќе 1200 години гори вечниот пламен. Се верува дека водата, варена на овој оган, може да ги излекува сите болести.
Областа на светилиштето Ицукушима била проширена и надоградувана повеќе пати, а била и уништена двапати од пожар. Денешниот изглед го добива во 1168 година, а последната целосна реконструкција на комплексот била завршена во 1241. година.
Постепено пристапот до островот им беше дозволен на сите, а со текот на времето островот доби и постојани жители. Денес таму живеат околу 2.000 луѓе. Меѓутоа, за да се зачува чистотата, со царскиот декрет од 1878 година на островот се забранува раѓање, умирање и погреб.
Ицукушима е еден од најубавите јапонски острови, а благодарение на грижата и почитувањето на ова свето место, ова место е сè уште убаво и магично како што било на почетокот.
Ашера | Црнобело