Британска водителка со набори на стомакот, откако ослабе 57 килограми со операција на желудник (фото)

Можеби слабеењето со помош на операција на желудникот на многумина им се чини како лесен начин за слабеење, но фотографиите од оваа британска ТВ водителка покажуваат како изгледа телото по ослободувањето од вишокот килограми и дека последиците остануваат видливи.

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-01.jpg

Британската водителка Шанел Хајез (35) е позната и по тоа што учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“, а деновиве во светските медиуми го привлече вниманието откако беа објавени нејзини папараци фотографии на кои се гледаат последиците на нејзиното тело по операцијата на желудникот.

1_Chanelle-Hayes.jpg

Шанел во минатото имаше 107 килограми, а по операцијата на желудникот успеала да ослаби околу 57 килограми, но на фотографиите што биле направени додека таа е на одмор во Тенерифе, може да се види дека на нејзиното тело сѐ уште може да се забележат трагите од големиот вишок килограми.

Вишокот кожа на нејзиното тело треба да се отстрани со нова операција, но таа процедура не може да се изврши затоа што водителката се соочува со артритис на колковите предизвикан од прекумерната тежина.

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-03.jpg

Инаку, Шанел во минатото се занимаваше со моделинг, но во период од 3 години успеа да се здебели дури 60 килограми. По првата бременост во 2011-та година таа се здебели значително, по што следеше разводот со поранешниот партнер заради што почнала неконтролирано да јаде.

„Храната за мене беше утеха, особено кога бев депресивна“ – рече таа во една прилика.

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-05.jpg

По ова, таа одлучила да оди на липосукција, ја исфрлила мрсната храна и почнала редовно да тренира, но по втората брeменост во 2017-та година килограмите повторно ѝ се вратиле и уште повеќе се здебелила, заради што се одлучила да оди на операција на желудникот.

Дека операцијата на желудникот не е доволна сама по себе за да се постигне совшен изглед говорат и нејзините последни фотографии од одмор.

Погледнете дел од нив:

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-08.jpg

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-09.jpg

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-10.jpg

foto-dokaz-deka-operacijata-na-zheludnik-ne-e-lesno-reshenie-zagubila-57-kg-no-posledicite-se-vidlivi-na-nejzinoto-telo-07.jpg

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg