„Имам алопеција од бебе, на 6 години ја избричив главата, а на 14 ги изгубив веѓите и трепките, но сега се сакам“

„На 6 години откако ми останаа само неколку прамени на главата, се избричив целосно. На 14 ги изгубив веѓите и трепките. Денес сум самоуверена и сметам дека сум убава. Имам и прекрасна љубовна врска со човек кој ме сака и без перика“, споделува девојка од Англија.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-01.jpg

Даниел Гилберт (24) од Англија страда од алопеција уште од бебе, а со години имала проблеми со самодовербата поради тоа.

Таа на својот Инстаграм профил постојано споделува видеа од своите трансформации, откако ќе се нашминка, ќе залепи трепки и ќе стави перика.

Нејзината исповед:

„Имав коса до 18-месечна возраст. Но, тогаш мајка ми забележала ќелави делови и ме однела на доктор. Ѝ било кажано дека станува збор за бебешка алопеција и дека косата ќе ми порасне повторно.

Но, не беше така и на 2-годишна возраст официјално ми беше дијагностицирана алопеција.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-09.jpg

Како дете ми се појавуваа и други ќелави делови, и на 6 години кога ми останаа само неколку прамени коса одлучив да ја избричам главата.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-08.jpg

Родителите ми беа огромна поддршка и се чувствував кул.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-06.jpg

До 15 години ги изгубив и сите влакна на телото, а на 14 години веѓите и трепките.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-07.jpg

Дотогаш добро се справував со ситуацијата, но тогаш како да го изгубив својот идентитет. До факултетските денови самодовербата ми беше уништена и тешко стекнував и пријатели. Се изолирав и дозволував алопецијата да ми го уништи животот.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-05.jpg

Но, потоа почнав да експериментирам со шминката и станав посамоуверена.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-03.jpg

Снимам видеа за да ја поткренам свеста за алопецијата. Сега сум самоуверена и сметам дека сум убава.

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-10.jpg

Имам и прекрасна љубовна врска со човек кој ме сака и без перика.“

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-04.jpg

imam-alopecija-od-bebe-na-6-godini-ja-izbrichiv-glavata-a-na-14-gi-izgubiv-vegjite-i-trepkite-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg