Раскинал свршувачка со манекенка за да биде со принцезата Дијана, беа во врска само 3 месеци – Факти за Доди ал Фајед
- Детали
- недела, 20 ноември 2022
Таткото на Доди ал Фајед, Мухамед ѝ бил најголема поддршка на Дијана по разводот со Чарлс, а принцезата и Доди биле во врска само 3 месеци пред да се случи трагичната сообраќајна несреќа во Париз, каде ги загубија животите – Што знаеме за човекот кој беше последната голема љубов на Дијана?
Речиси сите знаат дека принцезата Дијана загина во страшна сообраќајна несреќа во Париз заедно со нејзиното тогашно момче Доди ал Фајед.
Многу се знае за брачните проблеми на Дијана и Чарлс, за неговите неверства и афери, а речиси секогаш се чини дека се изостава приказната за тоа кој бил Доди ал Фајед и како Дијана ја започнала врската со него.
Хит серијата The Crown во петтата сезона почнува да ја обработува приказната за врската на Дијана со Доди, за тоа како тие двајца се запознале и публиката за првпат има можност одблиску да го запознае човекот со кого принцезата беше во врска при крајот од животот.
Во продолжение да погледнеме неколку интересни факти за него:
Доди ал Фајед бил најстар син на египетскиот милијардер Мухамед ал Фајед. Се образувал во воено училиште во Египет, а потоа и во Швајцарија.
Пред да биде во врска со Дијана, Доди бил во брак со Сузан Грегард сѐ до 1987-ма година, а во еден период бил во врска и со познатата актерка Барбара Стрејсенд.
Таткото на Доди, Мухамед бил сопственик на хотелот Ritz во Париз, како и на трговскиот центар Harrods во Лондон. Тој се надевал дека со своето богатство ќе успее да ја придобие наклонетоста на британското кралско семејство, но безуспешно.
За време на еден настан се надевал дека ќе седи до кралицата и ќе може отворено да разговара со неа, а не очекувал дека Елизабета на нејзино место ќе ја прати принцезата Дијана како претставничка на кралското семејство.