Раскинал свршувачка со манекенка за да биде со принцезата Дијана, беа во врска само 3 месеци – Факти за Доди ал Фајед
Се верува дека Дијана и Доди се запознале на поло натпревар во 1986-та година, додека принцезата сѐ уште беше во брак со Чарлс, а повторно се сретнале 11 години подоцна во 1997-ма година, кога Дијана беше на одмор на имотот на неговиот татко во Сен Тропе, заедно со принцовите Вилијам и Хари.
Доди по професија беше филмски продуцент и неговиот потпис стои на филмовите The Scarlet Letter и Hook. Тој бил продуцент и на филмот Chariots of Fire кој доби Оскар за најдобар филм во 1982-ра година.
Во моментот кога ја започнаa врската Доди беше свршен со манекенката Кели Фишер, но ѝ раскина за да биде со Дијана. Кели воопшто не беше задоволна заради раскинувањето, па дури и го тужеше за емотивната болка што ѝ ја нанел.
Таа тврдеше дека тој дури ѝ рекол да почне да го уредува нивниот заеднички дом, а за врската на Доди со Дијана дознала од медиумите откако ги видела нивните заеднички фотографии.
Се шпекулираше дека Дијана и Доди биле мошне сериозни во врската, па дека тој дури купил и дијамантски прстен за неа во Монако, но немаше докази дека тие биле свршени.
Доди и Дијана загинаа заедно на 31-ви август кога со автомобилот удрија во столб во тунел во Париз, додека бегале од папараци. Дијана не починала веднаш, туку неколку часа подоцна, а Доди го загубил животот веднаш по несреќата.
По смртта на Доди и Дијана, татко му Мухамед јавно го обвини кралското семејство дека го нарачале убиството, но потоа ја прифати пресудата дека тие трагично загинале заради небезбедниот начин на возење на нивниот возач кој бегал од папараците.
-->
-->
Прочитајте и Кое е ветувањето што Вилијам ѝ го дал на мајка му Дијана, но никогаш нема да може да го исполни?
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс
Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот
Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ
По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“
„Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Рибар поминал 95 дена изгубен среде Тихиот Океан во својот брод: „Јадев лебарки за да преживеам“
Рибар од Перу преживеал 95 дена на својот рибарски брод во Тихиот Океан откако з...

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“
„Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...