„Алергична сум на секс“ - Девојка од Колорадо открива како ѝ реагира телото при допир со сперма
- Детали
- недела, 20 февруари 2022
„Чудно е, но јас сум алергична на секс. Најверојатно стануваше збор за моето трето сексуално искуство кога семената течност дојде во допир со мојата кожа и кожата ми поцрвене...“
Клои Лоери (18) e девојка од Колорадо на која ѝ била дијагностицирана алергија на сперма. Таа вели дека има ретка алергиска реакција на протеините кои ги има во спермата на мажите.
Нејзината состојба значи дека кај неа се појавува физичка реакција кога интимните делови ѝ се во допир со сперма. Таа добива чувство на печење и црвенило.
Ако пак на пример при орален секс, спермата дојде во контакт со нејзиното лице, неа ѝ се појавува чувство на затапеност, па дури и привремена парализа на лицето.
Клои успева да ја контролира ситуацијата користејќи кондоми при сексуалниот чин и внимавајќи притоа.
„Чудно е, но јас сум алергична на секс. Најверојатно стануваше збор за моето трето сексуално искуство кога семената течност дојде во допир со мојата кожа и кожата ми поцрвене, но не се загрижив многу затоа што знам дека имам чувствителна кожа. Но, потоа во друга ситуација се случи при ваков допир со семена течност лицето да ми отече и да не го чувствувам половина лице 3 часа. Потоа одлучив да посетам доктор.
И кај вагината имам реакција при допир со сперма, но таму е како воспаление, печење и црвенило, како да ме боцкаат со милион иглички. Силата на реакцијата зависи од количината на семена течност со која сум во допир.
Кога ќе им кажам за мојата дијагноза на луѓето, тие не ми веруваат затоа што се јавува многу ретко, но потоа се заинтригирани и сакаат да ги знаат сите детали.“
С. С. | Црнобело