Алергија на сперма
Ти тече нос, печат очите, температура покачена? Ако не е грип, тогаш може да станува збор за алергија, но не на полен која е својствена деновиве...
...туку алергија на сперма.
ПОИС или посторгазмичен синдром, се јавува многу ретко, а личноста која пати од ова може после сексуален однос да добие покачена температура, да почувствува мачнина, печење на очите.
Освен овие може да се јават и следниве симптоми: чешање, црвенило, оток, дури и болка на местото на кожата каде допреле сперматозоидите. Кај тешките случаи може да дојде до отежнато дишење.
Симптомите најчесто се јавуваат половина час по сексуалниот однос, а траат од неколку часа до неколку денови.
Зошто се случува ова?
Имунолошкиот систем на некој мажи и жени спермата ја гледа како непознат „напаѓач“ и се бори против ова исто како и против бактериите и вирусите – со создавање антитела.
Антисперматозоидните антитела не само што го прават сексот непиријатен, може и да предизвикаат неплодност спречувајќи ја спермата да допре до јајце клетката и да ја оплоди.
Овој вид алергија се јавува многу ретко, може да се лечи, а превентива е употреба на кондоми.
Еден од начините за лечење е вбризгување мала количина сперма од партнерот во матката на жената.