Таа беше единствената жена на прес-конференцијата на Талибанците, а сега се соочува со смртна казна: „Бремена сум, а не сум во брак“

Таа беше единствената жена што беше присутна на прес-конференцијата на Талибанците откако тие ја преземаа власта во Авганистан, а сега вели дека се соочува со „смртна казна“ затоа што е бремена, а не е омажена.

beshe-edinstvenata-zhena-na-pres-konferencijata-na-talibancite-a-sega-se-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-bremena-sum-a-ne-sum-vo-brak-01.jpg

По преземањето на власта на Талибанците во Авганистан светот го обиколи приказната за храбрата новинарка Шарлот Белс од Нов Зеланд која беше единствената жена што се појави на прес-конференцијата на Талибанците.

Шарлот Белс од Нов Зеланд е новинарка на Al Jazeera, таа упати отворено писмо до медиумите во родниот Нов Зеланд во кое говори за заканата со која се соочува, затоа што земјата од каде што потекнува (Нов Зеланд), ги затвори границите поради светската пандемија.

beshe-edinstvenata-zhena-na-pres-konferencijata-na-talibancite-a-sega-se-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-bremena-sum-a-ne-sum-vo-brak-02.jpg

Како што вели, голем број од луѓето ја знаат по тоа што била единствената жена на прес-конференцијата на Талибанците по нивното преземање на власта во Авганистан и се дрзнала да ги праша „Што ќе направат за да ги заштитат правата на жените и девојчињата“.

„Она што никој не го знае е дека една недела по таа конференција останав бремена.

beshe-edinstvenata-zhena-na-pres-konferencijata-na-talibancite-a-sega-se-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-bremena-sum-a-ne-sum-vo-brak-03.jpg

Со години наназад лекарите ми велеа дека никогаш нема да имам деца. Се предадов на кариерата и се помирив со судбината. Сега за време на ’падот на Кабул‘ се случи чудо“ – вели таа.

Шарлот дознала дека е бремена додека престојувала во Доха, Катар, но и таму се соочила со слични закани, затоа што и во таа земја исто така е незаконски жена да остане бремена доколку не е во брак.

beshe-edinstvenata-zhena-na-pres-konferencijata-na-talibancite-a-sega-se-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-bremena-sum-a-ne-sum-vo-brak-04.jpg

Таа вели дека ја прашала докторката што ја прегледала дали ќе им каже на властите дека е бремена.

„Нема да им кажам, но мора да те предупредам дека или треба да се омажиш или да побегнеш од земјата што е можно побрзо“ – рекла докторката, а раскажува Шарлот.

Нејзиниот партнер, кој е по потекло од Белгија успеал да излезе од Кабул, па заедно побегнале во неговата земја со надеж дека Нов Зеланд во меѓувреме ќе ги отвори границите и ќе успеат да стасаат таму на безбедно.

beshe-edinstvenata-zhena-na-pres-konferencijata-na-talibancite-a-sega-se-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-bremena-sum-a-ne-sum-vo-brak-07.jpg

Но, во Белгија како жител на Нов Зеланд таа смеела да престојува само три месеци и откако Нов Зеланд не ѝ дозволил да се врати дома, таа била принудена повторно да оди во Авганистан, единствената земја каде имала виза за престој и каде се наоѓа во моментов.

Иако, тамошните власти ја убедиле дека нема да има никаков проблем доколку се породи во нивната држава, таа не е премногу уверена во тоа и вели дека условите во земјата се ужасни и дека во болниците условите за породување се нехумани.

Лекарите не прават породувања со царски рез, а единствениот лек што родилките ги добиваат е парацетамол и тоа доколку имаат среќа да не се потрошени резервите.

„Овде породувањето може да биде смртна казна“ – вели таа.

Храбрата новинарка повторно побарала да ѝ се дозволи влез во Нов Зеланд и повторно била одбиена, па сега се обидува да се бори со заканите работејќи го тоа што најдобро го знае, па својата приказна ја пренесува во медиумите.

Се надева дека оваа приказна ќе допре до властите во Нов Зеланд и ќе им се овозможи поинаков третман на луѓето кои подолг период чекаат за да се вратат дома и кои се соочуваат со закани по живот во некои од земјите каде што престојуваат.

Прочитајте и Новинарката што го воодушеви светот - единствената жена на прес-конференцијата на Талибанците

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg