Новинарката што го воодушеви светот - единствената жена на прес-конференцијата на Талибанците
- Детали
- четврток, 19 август 2021
Таа е храбра, таа е пример како се сака и работи својата професија, таа е гордост на новинарството затоа што беше гласот на сите исплашени жени и девојчиња од Авганистан заробени во своите домови. На светот му се потребни повеќе жени како Шарлот!
Шарлот Белис е бестрашна новинарка од Нов Зеланд која работи за Al Jazeera во Авганистан од 2019 година. Таа беше единствената жена во просторијата на првата прес-конференција на Талибанците.
Во време кога илјадници жени од Авганистан се плашат за своите човекови права, Белис храбро ги праша Талибанците дали ќе им дозволат на жените да одат на работа, а на девојчињата на училиште.
Таа воодушеви со смелиот пристап кон групата наоружани мажи.
Нејзината руса коса ѕиркаше под марамата која ја носеше на прес конференцијата и беше смирена среде таа тензична ситуација додека им поставуваше скокотливо прашање на новите владетели на Авганистан.
„Која гаранција можете да им ја дадете на жените и девојчињата дека нивните права ќе бидат заштитени?“, го заврши Шарлот своето обраќање, а потоа доби одговор дека жените ќе ги имаат своите права сè додека го почитуваат шеријатскиот закон, затоа што тие се клучен дел од општеството.
Дали ќе биде навистина така, останува да видиме, но Шарлот дефинитивно е пример како треба да се работи својата професија, пример за смелост и зрак светлина за сите авганистански жени, дека нема да бидат заборавени, дека светот се грижи за нив.
Повеќе фотки од Шарлот:
С. С. | Црнобело