„Ќе бидеме уапсени во овој фустан“ – Бренд за облека стана мета на критики поради разголената креација
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
„Бидете реални, замислете го овој фустан на ‘просечна’ девојка, ќе изгледам како да сум заробена во пајакова мрежа.“ Претеруваат ли модните брендови со креациите?
Британскиот моден бренд „PrettyLittleThing“ стана мета на критики поради црниот минималистички фустан кој остава многу малку на фантазијата.
Тие споделија фотографија на нивниот Инстаграм профил од австралискиот модел Габи Епстејн облечена во фустанот и станаа мета на онлајн критки.
Дел од коментарите гласат:
„Каде е фустанот?“
„Во овој фустан ќе ме уапсат за непристојно изложување на телото.“
„Бидете реални, замислете го овој фустан на ‘просечна’ девојка, ќе изгледам како да сум заробена во пајакова мрежа.“
„Фустанот е сладок, но каде е остатокот од него?“
„Ова е фустан?“
„Совршен за кога сакаш твоите интимни делови да го почувствуваат морското ветре.“
„Во светот најверојатно постојат вкупно 7 луѓе кои би ја носеле оваа монструозност која ја нарекувате фустан, вклучувајќи го и моделот.“
Како изгледа скандалозниот фустан:
С. С. | Црнобело