Едвард Сноуден со сопругата и синот во Русија изгради таен, но среќен живот – интимни семејни фотки
- Детали
- недела, 14 ноември 2021
„Ти направи да верувам во среќни краеви, те сакам драга“ – напиша Едвард Сноуден во една пригода за својата сопруга, која му е најголемата поддршка откако побегна во Русија, по објавените доверливи документи во САД. Таа објавува семејни фотки на Инстаграм, а има и фотографија како го дои синот.
Едвард Сноуден (38), некогашниот оперативец на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД, предизвика низа контроверзии откако во 2013 година во јавност изнесе тајни документи за хакерски напади и прислушкувања од страна на САД. Потоа пребегна во Русија и таму на тајна локација гради живот со сопругата и синот.
Тој се венчаше со саканата Линдзи Милс во 2017 година.
Инаку, Линдзи е гимнастичарка и танчарка специјализирана за танц на шипка, а со Сноуден беа во врска од 2009-та.
Во декември 2020 година тие добија син.
„Најголемиот дар е љубовта што ја споделуваме“, напиша Едвард во една пригода на Твитер за своето семејство.
The greatest gift is the love we share. @lsjourneys https://t.co/eTjj5TDDDG
-->— Edward Snowden (@Snowden) December 25, 2020
Линдзи на својот Инстаграм профил споделува фотографии од интимни семејни мигови со Едвард и со нивниот наследник.
Семејни фотки од Едвард Сноуден:
Прочитајте и Експерт за танц на шипка, заедно се 11 години: Која е сопругата на Едвард Сноуден со која чекаат син?
С. С. | Црнобело