Експерт за танц на шипка, заедно се 11 години: Која е сопругата на Едвард Сноуден со која чекаат син?

Поранешниот аналитичар на американската Национална безбедносна агенција, Едвард Сноуден, наскоро ќе стане татко.

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-so-koja-cekaat-sin-01.jpg

Неговата сопруга Линдзи Милс ги објави среќните вести на крајот на месец октомври.

„Ни требаше многу време. Нашата најважна соработка наскоро ќе ја здогледа светлината на денот“ – напиша таа на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by L's Journey (@lsjourney)

Сноуден неодамна објави дека тој и Линдзи поднеле барање и за државјанство во Русија, каде тој живее од 2013-та година, откако пушти во јавност десетици илјади строго доверливи документи.

„После долгогодишна разделеност од нашите родители, мојата сопруга и јас не сакаме да бидеме одвоени од синот. Тоа е причината заради која во време на пандемија и затворени граници поднесуваме барање за двојно американско-руско државјанство“ – напиша Сноуден.

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-02.jpg

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-so-koja-cekaat-sin02.jpg

Која е оваа жена која остана покрај него и во најкритичните времиња, давајќи му безрезервна поддршка?

Линдзи е 35 годишна гимнастичарка и танчарка специјализирана за танц на шипка, а со Сноуден е во врска од 2009-та.

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-05.jpg

Во брак се од 2017-та. Некое време живееја на Хаваите, пред тој да побегне во Хонг Конг, а потоа во Русија каде се и денес.

За разлика од сопругот, таа не го чува животот во тајност и постојано објавува фотки на социјалните мрежи.

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-05_1.jpg

Честопати патува и ужива во откривање на нови дестинации.

DailyMail ја опишува како „екстроверт кој ужива во сопствената голотија секогаш кога може“.

ekspert-za-tanc-na-sipka-zaedno-se-11-godini-koja-e-soprugata-na-edvard-snouden-so-koja-cekaat-sin01.jpg

„Линдзи и јас ќе бидеме засекогаш Американци и ќе го воспитуваме синот да ги научи вредностите на Америка која ја сакаме. Се радувам на денот кога ќе можам да се вратам во САД и да бидеме со семејствата.“- вели контроверзниот шпион.

Прочитајте и: Пет години изолација: Како изгледа тајниот живот на Едвард Сноуден и неговата девојка Линдзи Милс? (фото)

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg