„Син ми не сака да носи парчиња облека ако не се од познат бренд“
- Детали
- вторник, 24 август 2021
Дали треба да се носат училишни униформи за да има еднаквост меѓу децата? Кој е вашиот став?
Дорис Расел (39) од Велика Британија вели дека за својот 10-годишен син купува само дизајнерски парчиња на облека.
Таа дава и по 9.000 денари само за патики за својот син. Дури и долната облека му е од Calvin Klein. Троши илјадници евра на тоа.
Дорис вели дека нејзиниот син веќе пребира што ќе носи и за разлика од нејзините други синови не прифаќа да облече парчиња ако не се од познат бренд.
Многумина ја осудуваат дека го разгалува, но таа вели дека тој уште како мал сакал да изгледа добро, дека бил модел од 5-годишна возраст и на подарок добивал парчиња од дизајнерите, па од тогаш му се родила љубовта кон модата.
Инаку, училиштето кое го посетува синот на Дорис им наложува на своите ученици да носат училишна униформа.
Дали ова е правилен или погрешен пристап во воспитувањето? Кој е вашиот став?
С. С. | Црнобело