Никола Саркози со некогашната најубава Прва дама во светот Карла Бруни (53) на плажа (фото)
- Детали
- четврток, 29 јули 2021
Некогашниот претседател на Франција во сосема опуштено издание одмора на југот од Франција со сопругата, која е беспрекорна убавица и на 53 години. Неговиот брат пак беше во брак со 17 години помладата Мери-Кејт Олсен со која драматично се разделија.
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози (66), периодов се релаксира на море на француската ривиера со својата сопруга Карла Бруни.
Тој изгледа безгрижно покрај неговата сакана која важеше за една од најубавите први дами на светот, а сега изгледа прекрасно и на 53 години.
Со парот беше и сестрата на Карла, Балериа Бруни (56), која се одлучи за бикини со точки, додека Карла носеше монокини во виолетова боја.
Саркози беше на функцијата претседател од 2007 до 2012 година.
Карла има две деца од бракот со него, како и 19-годишен син од претходната врска. Таа во минатото беше и заштитно лице на Bulgari.
Прочитајте и Мери-Кејт Олсен се разведува од 17 години постариот Саркози - ја бркал од станот среде пандемија
Фотки од парот на плажа:
С. С. | Црнобело