Мери-Кејт Олсен се разведува од 17 години постариот Саркози - ја бркал од станот среде пандемија
- Детали
- четврток, 14 мај 2020
Парот се состанувал од 2012 година, а големата разлика во години и тоа што Оливие Саркози е брат на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, отсекогаш предизвикувало контроверзии.
33-годишната актерка Мери-Кејт Олсен на 5-ти април поднела документи за развод од 50-годишниот француски банкар, кој работи во САД, Оливие Саркози, по 5 години брак. Но судовите не презеле ништо во врска со нејзиното барање поради пандемијата, иако таа сакала итна постапка.
Саркози барал од актерката и модна дизајнерка таа да се исели до 18-ти мај од нивниот изнајмен стан во Њујок, но Олсен не можела да го стори тоа поради рестрикциите од корона вирусот и барала продолжување на рокот барем до 30-ти мај.
Инаку, Кејт е мулти милионерка и побарала нивниот предбрачен договор да стапи на сила.
Во 2007 година Мери-Кејт и нејзината сестра Ешли заедно беа на 11-тото место на најбогати жени на светот. Богатството на ѕвездите во комбинација било проценето на 100 милиони долари.
Парот немаше деца заедно, а Оливие веќе има две ќерки тинејџерки.
Последен пат беа видени заедно во ноември 2019.
Уште фотки од контроверзниот пар!
С. С. | Црнобело