Тој е 17 години постар од неа: Мери Кејт Олсен и Саркози веќе 2 години уживаат во бракот (фото)
- Детали
- петок, 05 јануари 2018
И покрај сите контроверзии околу огромната разлика во години, Олсен и Саркози веќе 2 години уживаат во брачната хармонија.
Холивудската актерка и дизајнерка Мери Кејт Олсен (31) и францускиот банкар, кој работи во САД, Оливие Саркози (48) се во брак од ноември 2015 година.
Свадбата минала тајно во приватна резиденција на Менхетен во присуство на 50 нивни најблиски пријатели и членови на семејството. Присутните велат дека станувало збор за нетипична свадба, за која поканите биле испратени преку мејл.
И покрај многуте коментари околу 17-годишната разлика во години, овој пар ужива во бракот исполнет со љубов и успеси. Нивната врска првпат осамна во медиумите летото 2012 година. Тие живеат во дом од 6 милиони долари во Њујорк.
Инаку Оливие со претходната жена Шарлот Бернард се развел во 2010 година и со неа има 2 деца.
Оливие е полубрат на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, па токму затоа и неговата врска со Олсен беше толку интересна за медиумите уште на самиот почеток.
И покрај бракот, Мери Кејт остана многу блиска со својата сестра Ешли и минува многу време со неа. Близначките станаа препознатливи по стилот и изградија модна империја. Нивното заедничко богатство се проценува на 300 милиони долари.
Инаку Олсен и Саркози се обидуваат да водат живот далеку од објективите на медиумите, сепак во некои пригоди не можат да ги избегнат:
С. С. | Црнобело