„Дечкото кој ми се допаѓаше ме викаше кит – откако ослабев тој ме бара, но го игнорирам“
- Детали
- среда, 21 јули 2021
Изобел Мореј ја споделува својата приказна како дечкото што ѝ се допаѓал во училиште и ја нарекувал кит, конечно ја поканил да излезат откако ослабела, но таа го одбила.
Изобел вели дека уште на возраст од 11 години почнала да се чувствува како да не припаѓа на средината поради сопствената тежина, го мразела сопственото тело, а во јануари минатата година носела облека со број 14 (ЕУ 44).
Таа сега е горда со тоа колку многу ослабела, а тоа го потврдува и со тоа што постојано објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Во март минатата година таа почнала да се придржува до планот за исхрана познат како „5:2 непостојан фастинг“. Оваа диета подразбира редовно постење.
Таа се нарекува 5:2 затоа што пет дена во неделата јадете нормално, додека во другите два калориите се намалуваат на 500-600 дневно. Диетата е популарна затоа што не постои ограничување во однос на храната што може да се внесува, туку само за времето кога може да се внесува.
По само шест месеци со оваа диета Изобел успеала да намали 4 конфекциски броеви и вели дека тоа што ги загубила килограмите во целост ѝ го променило животот и ѝ помогнало да изгради самодоверба.
Сепак, најдобро се почувствувала кога успеала да му врати на дечкото што ѝ се допаѓал, а ја исмевал заради тоа што била полничка.
„Се сеќавам на нешто што му реков на едно момче што многу ми се допаѓаше кога имав 11 години. Беше нешто во стилот ‘ми се допаѓаш’, а тој се развика за целата училница да слушне извикувајќи ‘замолчи киту’.
Навистина бев тажна затоа што на момчето што ми се допаѓаше, не му се допаѓав заради тоа како изгледав, што беше нешто што не можев да го контролирам на таа возраст. Поради тоа станав уште понесигурна“ – вели таа.
Таа вели дека по првичното исмејување од страна на момчето во училиштето нештата биле ужасни. Се обидела да носи шминка, но и тоа било исмевано. Додека другите ѝ се потсмевале - и таа се смеела со нив, но не ѝ било сеедно.
Додава дека сега, неколку години подоцна, истото момче се обидело да стапи во контакт со неа на Инстаграм и да ѝ пише дека не се виделе одамна, но таа не му вратила ништо.
Вели дека се чувствува лошо затоа што го игнорирала, но сепак е горда на себеси.
„Некој направи да се чувствувам неубаво пред толку многу години и јас успеав да се издигнам над него и тој беше оној што дојде да се моли. Се чувствував моќно што можев да го направам тоа по толку многу години. Смешно е што сега сака да стапи во контакт со мене, се чувствувам дека мојата помлада верзија би била мошне горда“ – вели таа.
Таа сега вели дека се чувствува многу поубаво откако ослабела и дека тоа придонело за да има поголема самодоверба. Таа редовно споделува фотографии од себеси на Инстаграм и видеа на ТикТок.
Погледнете го видеото каде се гледа драстичната трансформација:
@izmorrey in honour of me starting my weight loss journey 1 year ago? ##weightloss ##weightlossjourney ##fyp ##foryoupage ##fasting ##fastingforweightloss
♬ Venom - Little Simz
Б. С. Б. | Црнобело