Браќата Вилијам и Хари зближени како некогаш – заедно ја открија статуата на нивната мајка

Принцовите Вилијам и Хари ги оставија несогласувањата зад себе, се обединија како во старите времиња и рамо до рамо како што доликува ја отскрија статуата на нивната мајка. 

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-01.jpg

По повод 60-тиот роденден на покојната принцеза Дијана, денес свечено беше откриена нејзината нова статуа поставена во дворот на Кензингтонската палата.

Браќата Вилијам и Хари ги оставија настрана несогласувањата и покажаа дека семејството е на прво место.

View this post on Instagram

A post shared by VIDEOS OF THE WALES FAMILY 👑❤️ (@walesvideos)

Обединети како во старите времиња, рамо до рамо, принцовите заеднички ја открија статуата на нивната мајка.

На статуата, Дијана не е сама – до неа има три деца, кои според кралското семејство, ја отсликуваат универзалноста и генерациското влијание на работата на принцезата.

Стилот во кој е претставена Дијана на статуата е инспириран од периодот по разделбата со принцот Чарлс и од времето пред нејзината смрт. 

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-.avif.jpg

„Денес, на денот кога нашата мајка ќе го славеше 60-иот роденден, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети кои ја направија сила за доброто во светот, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден, посакуваме да беше уште со нас, а се надеваме дека оваа статуа ќе се смета за симбол на нејзиниот живот и наследство“  - стои во емотивната изјава на двајцата браќа.

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-02.jpg

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-03.jfif.jpg

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-05.jpg

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-04.jpg

brakjata-vilijam-i-hari-zblizheni-kako-nekogash-zaedno-ja-otkrija-statuata-na-nivnata-majka-07.jpg

Today, on what would have been our Mother’s 60th birthday, we remember her love, strength and character – qualities that...

Posted by The Royal Family on Thursday, July 1, 2021

Би можело да ве интересира:

Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кеј... Откако ѝ раскинал по телефон, Вилијам отишол да слави за својата слобода. Кејт, ...
Вилијам на хуманитарен настан, Хари во Лас Вегас - Први јавни обраќања на британските принцови по ди... Вилијам јавно се заблагодари за грижата и пораките, а Хари не го ни спомна татко...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg