Помалку познати детали за смртта на непреболената принцеза Дијана – Чарлс бил испрашуван за нејзината смрт

Деновиве треба да биде откриена статуата на непреболената принцеза Дијана во Лондон, каде ќе присуствуваат и нејзините синови принцовите Вилијам и Хари, а медиумите пишуваат и за помалку познати факти поврзани со нејзината трагична смрт.

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-01.jpg

Меѓу првите што биле присутни на местото на несреќата бил и пожарникарот Хавиер Гурмелон кој во изјава за Daily Mail рече дека кога пристигнал на местото на несреќата принцезата сè уште се движела и зборувала.

„Таа говореше на англиски и ми рече:’Боже што се случи?’ Можев да ја разберам, па се обидов да ја смирам и ја држев за рака“ – рече Гурмелон кој во минатото давал изјава за полицијата, но ова е првпат да проговори за медиумите.

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-02.jpg

Во несреќата што се случила во тунелот, на место ги загубија животите возачот Хенри Пол и момчето на Дајана Доди Фајед.

Гурмелон вели дека воопшто не знаел која е повредената жена, не ја препознал, но напоменува дека во тој миг таа изгледала дека е во ред и дека имала само повредено рамо.

Лекарот што прв се нашол на местото на несреќата Фредерик Маилие сосема случајно, откако се враќал дома по забава вели дека видел дека две жртви го загубиле животот, но дека другите две: Дијана и нејзиниот телохранител се повредени, но се сè уште живи.

Тој прво ѝ укажал помош на Дијана која била во задниот дел од Мерцедесот.

„Таа беше најубавата жена и немаше никакви (посериозни) повреди на лицето. Не крвареше, но беше речиси во несвесна состојба и тешко дишеше. Изгледаше дека е во ред во првите минути. Почнав да ѝ говорам на англиски јазик, ѝ реков дека доаѓа брза помош и дека сè ќе биде во ред“ – вели лекарот кој вели дека го напуштил местото веднаш штом пристигнала брзата помош, а воопшто не знаел дека тоа е принцезата.

Вестите дека тоа е Дијана во автомобилот биле шок за сите, па така кога на свештеникот од болницата Ив-Мари Клошард Бизе му се јавиле повеќепати да дојде тој мислел дека некој се шегува со него. Кога конечно пристигнал на местото, таа веќе била почината.

Освен овие факти деновиве во јавноста излезе и полицискиот командир Лорд Стивенс кој требало да го испрашува принцот Чарлс во врска со пораката во која таа ја предвидела сопствената смрт.

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-03.jpg

Лорд Стивенс кој бил прв човек на Скотланд Јард вели дека морал да ги „следи доказите“ и да го испраша принцот откако била најдена порака што неговата поранешна сопруга ја оставила и во која таа тврди дека тој планира сообраќајна несреќа за неа.

Испрашувањето се одвивало во најголема тајност, а како главна причина било тоа што Дијана предвидела дека ќе почине поради „расипани сопирачки и сериозна повреда на главата“ за Чарлс да може да се ожени со поранешната дадилка на нивните деца Тиги Леге – Бурк.

Во белешката Дијана додала:

„Камила е само мамка, па човекот нѐ искористува во секоја смисла“

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-04.jpg

Принцот Чарлс бил испрашуван како сведок, а не како осомничен и тврдел дека не може да објасни зошто неговата поранешна сопруга ја оставила пораката во октомври 1995-тата година во оставата на Кензингтонската палата за нејзиниот батлер Пол Барел.

Како и да е, две години откако пораката беше напишана, Дијана (36) нејзиното момче Доди Ал Фајед и нивниот возач Хенри Пол загинаа во сообраќајна несреќа.

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-05.jpg

Денес Лорд Стивенс е уверен дека новинарот на BBC Мартин Башир кој во моментов е под истрага дека и подметнал на Дијана лажни документи за да ја наведе да биде соговорник во неговото интервју од 1995-тата година можеби ја искористил принцезата и придонел да стане параноична во времето кога ја напишала пораката.

Инаку, според официјалните информации принцезата Дијана и нејзиното момче Доди Фајед се вратиле од одмор од француската Ривиера. Вечерале во хотелот „Риц“ во Париз и неколку минути по полноќ го напуштиле хотелот и се упатиле кон домот на Фајед.

Иако, ограничената брзина била од 50km/час, возачот Пол влегол во тунелот со брзина од 120 km/час при што загубил контрола врз возилото и удрил во столб.

Дијана била веднаш пренесена во болница. Според првичните информации таа имала потрес на мозокот, скршеници на раката и повреда на ногата. Но исто така имала и сериозни повреди во градниот кош.

Таа веднаш била префрлена на операција што траела два часа, но лекарите не успеале да ја спасат.

Pomalku-poznati-detali-za-smrtta-na-princezata-Dijana-Charls-bil-isprashuvan-za-nejzinata-smrt-06.jpg

Таа ќе остане запаметена како непреболената принцеза на Обединетото Кралство, која беше миленичка на народот поради љубезноста, хуманитарните дела, но и убавината со која ги плени срцата на целиот свет.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg