36-годишен маж си го покрил телото со тетоважи за луѓето да не гледаат во белегот на неговото лице

36-годишниот Хејвуд е роден со голем белег на лицето поради кој се соочил со сериозни психички проблеми. Сакајќи да си ја врати самодовербата, тој потрошил 10.000 долари за да си го покрие телото со тетоважи кои ќе го одвлекуваат вниманието од белегот.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-01.jpg

Хејвуд Тејлор е фотограф кој е роден со голем белег на неговото лице. Иако сега се чувствува добро во своја кожа, во минатото белегот му предизвикал сериозни проблеми со самодовербата – луѓето постојано го гледале чудно, го прашувале дали му е од некаква повреда и често бил исмејуван.

Поради ова, Хејвуд решил да си го покрие целото тело со тетоважи, надевајќи се дека тие ќе им го одвлечат вниманието на луѓето од неговиот белег.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-07.jpg

36-годишниот Хејвуд има потрошено над 10.000 долари за да го покрие своето тело со тетоважи, за луѓето да не обрнуваат внимание на неговиот голем белег на лицето. Зa Mirror тој открива дека белегот бил причина за ниска самодоверба, дури и анксиозност.

Во детството постојано го прашувале зошто лицето му е чудно и неретко луѓето мислеле дека белегот му е модринка или рана од изгореница. Некои, пак, се осмелувале да му кажат дека со белегот изгледа грдо и најдобро би било да го отстрани.

„Се сеќавам дека луѓето гледаа во мене и ме прашуваа дали сум во ред. Неколкупати ми рекоа дека белегот ми е грд и дека треба да го отстранам“.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-04.jpg

Во тинејџерските години проблемите со неговото ментално здравје се влошиле – речиси и да немал самодоверба и постојано се плашел за мислењето на другите. Бидејќи луѓето постојано зјапале во него, почнал да страда и од анксиозност, како и од нерационален страв од непознати места и околности.

Сакајќи да си ја врати самодовербата, Хејвуд почнал да оди во теретана, а помислил и дека можеби тетоважите ќе му бидат од помош.

„Бев многу параноичен кога требаше да излегувам во јавност бидејќи знаев дека сите ќе гледаат во мене. Постојаното зјапање во мојот белег ми ја влоши анксиозноста. Веќе до 20-тата година почнав да чувствувам нерационален страв од прометни места. Никогаш не излегував сам“, открива Хејвуд.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-08.jpg

Поради проблемите, Хејвуд почнал да консумира и многу алкохол, а неговиот пресврт се случил кога наполнил 25 години и кога ја изгубил мајка си.

„Бев со прекумерна тежина и се чувствував мизерно. Тогаш решив да одам во теретана и реално тоа ме спаси. Постепено си ја враќав самодовербата и по неколку недели, научив да верувам во себе. Тогаш почнав и да ставам тетоважи“.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-05.jpg

„Имав неколку тетоважи од претходно, но како што ми растеше самодовербата, сакав да се тетовирам уште повеќе. Како што ја покривав кожата со мастило, мојата самодоверба дополнително растеше“.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-03.jpg

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-02.jpg

Хејвуд вели дека благодарение на тетоважите, конечно е задоволен од изгледот и се чувствува удобно во своја кожа.

„Белезите од раѓање можат да бидат лоши и да имаат ужасно влијание врз менталното здравје. Она што се промени кај мене е тоа што повеќе не ми е грижа за белегот бидејќи работев на себе. Сега всушност го сакам – благодарен сум што ми помогна да се оформам како личност. Ние, како луѓе, сме многу повеќе од само лице, но лицата на некои од нас се поинтересни за разлика од другите“.

36-godishen-mazh-si-go-pokril-teloto-so-tetovazhi-za-lugjeto-da-ne-gledaat-vo-belegot-na-negovoto-lice-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Сакаат да изгледаат помладо - Познати мажи кои ставиле ботокс и филери Истакнати јаболчници и затегната кожа без брчки - сѐ повеќе славни мажи подлегну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg