Меган Маркл и принцот Хари добија ќерка – ја крстија во чест на Дијана и кралицата Елизабета
- Детали
- недела, 06 јуни 2021
На 4-ти јуни годинава, Меган Маркл и принцот Хари го добија второто дете – ќерката Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор, крстена во чест на принцезата Дијана и кралицата Елизабета.
Принцот Хари и Меган Маркл го добија второто дете. Меган се породила на 4-ти јуни, а веста ја споделија денес со изјава на нивниот веб-сајт Archewell:
„На 4-ти јуни бевме благословени со пристигнувањето на нашата ќерка, Лили. Таа е повеќе од сè што можевме да замислиме и ние сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствуваме од целиот свет. Ви благодариме за добрината и поддршката за време на овој посебен период за нашето семејство“.
Во соопштението објавено на сајтот е откриено и која е инспирацијата за името на ќерката на Меган и Хари:
„Лили е крстена по нејзината пра-баба, нејзиното височество кралицата, чиј семеен прекар е Лилибет. Нејзиното средно име, Дијана, е одбрано во чест на саканата покојна баба, принцезата од Велс“.
Лилибет е второто дете на Хари и Меган - парот го има и синот Арчи кој годинава наполни две години.
Бидејќи Меган и Хари моментално се во Калифорнија, не е познато кога или дали нивната ќерка ги сретне другите членови на кралското семејство. Сепак, со името што го избрале за нивното малечко, Меган и Хари можеби се обидуваат да го подобрат односот со семејство по шокантното интервју со Опра Винфри.
Спирова С. | Црнобело